Скандалозната помала сестра на Луна Џогани - Нина (20) има дечко со затворска алка на ногата, објави фотка како примаат инфузија
- Детали
- четврток, 17 април 2025
Нина Џогани, сестрата на Луна, неодамна го прослави 20-иот роденден во прегратка со дечкото со затворска алка на ногата. Помалата ќерка на Анабела Атијас и Гаги Џогани минатата година добиваше писма од затвор од саканиот, кои беа објавени и во медиумите.
Нина Џогани од Србија е помалата ќерка на пејачката Анабела Атијас и танчарот Гаги Џогани и помала сестра на ријалити ѕвездата Луна Џогани.
Таа на својот Инстаграм профил со фотографии откри дека неодамна го прославила својот 20-ти роденден во друштво на саканиот.
Нина дува свеќички покрај партнерот, кој според пишувањата на српските медиуми извесен период поминал во затвор, но на ногата сè уште носи електронска алка за надзор (односно се врши мониторинг на неговото движење од страна на полицијата).
Тој во 2024 година на Нина ѝ испраќал писма од затвор колку му недостига, а едно од нив беше објавено и во медумите.
Нина е активна на социјалните мрежи, каде што споделува моменти од својот живот со своите 102.000 следбеници.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





