Цел живот љубеше само една жена, поради смртта на брат му не славел роденден: Факти за легендарниот Драган Николиќ
- Детали
- сабота, 15 март 2025
Драган Николиќ почина пред скоро десет години, но останува запаметен како еден од најдобрите српски актери. И покрај популарноста, успешно ја криеше својата приватност, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето кон крајот од животот.
Драган Николиќ важи за еден од најдобрите актери од просторите на поранешна Југославија, а за неговите филмови се зборува и скоро десет години откако почина.
Иако своевремено важеше и за голем заводник, Драган имаше очи само за една – сопругата Милена Дравиќ со која го помина целиот живот.
Почина на 11-ти март 2016-та, поради проблеми со здравјето.
Неколку детали од животот на легендарниот актер:
Драган бил роден во Белград, во 1943 година, а родителите му го дале името Драгослав.
Откако завршил средно, успешно положил примен испит на Факултетот за драмски уметности во Белград.
И, со своите 17 години, бил најмладиот студент на факултетот.
Филмската кариера ја започнал со мала улога во филмот Pravo stanje stvari.
Потоа се појавил во серијата Dovoljno je cutati, а оваа улога е и причината зошто престанал да го користи името Драгослав.
Имено, актерот бил наведен како Драган Николиќ, па оттогаш продолжил да го користи ова име.
Во 1965 година ја запознал актерката Милена Дравиќ, додека работеле на филмот Horoskop.
Своевремено, Драган важел за голем заводник, но имал очи само за Милена.
Па, во 1972 година, актерите стапиле во брак, и тоа во тајност, на пауза од снимање.
Парот немаше деца, но заедно ја градеа актерската кариера и соработуваа на бројни филмови и серии.
И покрај огромната популарност, актерот беше приватна личности не откриваше детали за својот живот.
Но, познато е дека една од најголемите трагедии со коишто се соочил е смртта на неговиот брат Мирослав.
Мирослав Николиќ починал на 20-ти август, односно на роденденот на Драган.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





