Од талентирана пијанистка, до бездомничка зависна од хероин: Трагичниот живот на Маргита од групата ЕКВ
Маргита се согласила и остана во групата сè до 1994-та, односно до смртта на основачот Милан.
Но, Маргита не се ограничила само на една група – учествувала во создавањето на албумите на бројни југословенски бендови, а компонирала и музика за неколку филмови.
Била зависна од хероин
Маргита некако успевала да ја скрие својата зависност од хероин.
Но, токму дрогата била причина за нејзината пропаст.
Српскиот актер Светозар Цветковиќ бил особено близок со Маргита и има откриено како дознал за нејзината зависност:
„Дознав за хероинот бидејќи таа ми кажа. За тоа не се зборува на глас, но е мошне непријатен момент.
Ако погледнете нејзини снимки на Јутјуб, ќе забележите дека кога свири, ракавите секогаш ѝ се спуштени речиси преку прстите.
Еднаш Маргита ми ги покажа дланките и на нив имаше три дупки, како да беа направени со машина за шиење. Дури и сега ми е непријатно да зборувам за ова.“
Не е познато кога почнала зависноста на Маргита, но се претпоставува дека е кон крајот на 1980-тите, односно кога со ЕКВ го достигнува врвот.
Зависноста ѝ се влошила откако ја напуштила ЕКВ, особено по смртта на колегите од бендот Милан Младеновиќ и Бојан Печар.
Последните години од животот ги помина во сиромаштија
Поради зависноста и намалениот обем на работа, во 1990-тите Маргита се соочила со сериозни финансиски проблеми.
Околу 2000 година го изгубила и станот, по што почнала да живее во напуштени згради и гаражи низ Белград.
Здравјето само ѝ се влошувало, а последните недели од животот ги поминала во центар за сместување бездомници во Белград.
Била зависна и од ХИВ
Маргита се заразила и со ХИВ, најверојатно поради инјектирање хероин со нестерилизирана игла.
Болеста, заедно со зависноста, биле причина за нејзината прерана смрт.
Маргита починала на инфективна клиника во Белград на 18-ти септември 2002 година.
За неа, нејзиниот пријател актерот Светозар Цветковиќ, вели дека ја имала најтажната судбина за којашто чул.
„Таа потекнува од едно уметничко семејство, креативно семејство од кое повеќе од третина се фатиле за концертно пијано.
Значи, од сето тоа, таа завршила во една гаража, а потоа на инфективна клиника, каде просто престана да постои.
Ова е најтрагичната судбина со која се имам сретнато“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





