Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната Соња Вуксановиќ?
- Детали
- петок, 17 јануари 2025
Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги остави, а од браковите со нив има по една ќерка. Денес, ужива во наследениот луксуз, друштвото на ќерките и повторно е заводничка, како и пред 30 години, според фотките кои ги објави ќерка ѝ.
Соња Вуксановиќ, која се претставува како модна дизајнерка, на јавноста најмногу ѝ стана позната по бракот со српскиот пејач Аца Лукас.
Соња и Аца Лукас се венчаа во 2010 година, а во 2017 објавија дека сакаат да се разведат, а разводот беше финализиран во 2019-та.
Од бракот со него таа ја има ќерката Викторија, но пред тоа таа беше во 10-годишен брак со уште еден познат српски пејач – Жељко Шашиќ. Од бракот со Жељко, таа ја има ќерката Софија.
Како изгледа помалата ќерка Викторија Лукас:
Како изгледа постарата ќерка Софија Шашиќ:
Соња се омажила за Шашиќ на само 18 години.
Нивниот развод привлече големо внимание, поради тоа што потоа Соња стапи во врска со најдобариот пријател на Шашиќ и нивен кум – Аца Лукас.
Таа ги раскара двајцата пријатели, а на крајот и ги остави.
Нејзината ќерка Софија, неодамна сподели како изгледала нејзината мајка во младоста, преку кадри од спотот на познатата песна на Жељко Шашиќ „Она је прича живота мога“ во кој Соња се појавува. Песната наводно тој ѝ ја посветил токму на неа.