По скандалот „Кој ја уби Јелена“, обвинетиот сопруг го поврзуваат со друга српска пејачка - Таа проговори јавно
- Детали
- среда, 13 ноември 2024
На прашањето „Се плашиш ли од Марјан?“, Инди вели: „Ако мислите на тоа дали е потенцијален убиец на жени... Не, никогаш не сум се исплашила, ниту сум почувствувала таков страв. Не сум почувствувала опасност – никогаш“.
Се сеќавате ли на случајот со скандалозните написи во сите регионални медиуми „Кој ја уби Јелена?“.
Во 2016-та година брутално беше убиена српската пејачка Јелена Крсмановиќ Маријановиќ, а долго се трагаше по сторителот на дело и на крај беше уапсен нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ.
Марјан во 2017-та беше обвинет за убиството на неговата сопруга и беше осуден на 40 години затвор.
По ова, таа пресуда му беше укината и по 7 години беше пуштен на слобода во 2023-та година, поради недоволно докази, но тој сега повторно се соочува со ново судење и тврди дека нема никаква поврзаност со убиството на неговата сопруга.
Српската пејачка Инди години наназад ја поврзуваат со Марјан, кој е креаторот на нејзиниот најголем хит во кариерата, песната „Бато, бре“.
Сега, Инди отворено проговори за нивниот однос во интервју за српскиот магазин Kurir:
„Свесна сум дека мојот однос со Марјан ја обележи годината. Ние негуваме исти чувства и професионално и приватно, навистина одлично се сложуваме. Музички особено, тоа е една синхронизација, иако има и кавги“.
На прашањето дали се во врска, таа вели:
„Ние никогаш не сме раскинале, а и не можеме да се разделиме, поврзани сме од моментот кога се запознавме, затоа и настана хитот „Бато, бре“, песната која ме прослави“.
На тема ужасните коментари за неа од типот: „Јелена умре за Инди да може да живее“, „Инди е виновна за смртта на Јелена“, Инди вели:
„Што да кажам, ужасно е што зборуваат луѓето. Ми се грози кога го слушам тоа“.