Kaко изгледа животот на Црногорецот кој е во брак со една од најпознатите шведски инфлуенсерки?

Од рана менопауза до проблематичен татко, Кенза Зуитен Субошиќ е една од омилените инфлуенсерки во Шведска поради својата искреност.

crnogorec-e-vo-brak-so-edna-od-najpoznatite-shvedski-influenserki-foto-01.jpg

Александар Субошиќ, каратист од Црна Гора, е во брак со шведската инфлуенсерка Кенза Зуитен Субошиќ, родена во мало место во близина на Стокхолм.

Парот има 3 деца и изгради своја модна империја, преку модниот бренд „Ivyrevel“.

crnogorec-e-vo-brak-so-edna-od-najpoznatite-shvedski-influenserki-foto-03.jpg

Кенза е родена во Шведска, но има мароканско потекло.

Уште како тинејџерка била вљубеник во модата и патувањата, а првиот свој блог го лансирала на само 15 години, не насетувајќи дека токму тоа ќе ѝ биде животна определба.

Уште на 16 години станала една од најпознатите блогерки во Шведска, а потоа има работено како модел, водителка и дизајнерка.

Но, еден од нејзините најважни животни потези е основањето на компанијата „Ivyrevel“ со нејзиниот сопруг Александар.

За жал, брендот поради пандемијата прогласи банкрот во 2021 година, но потоа повторно имаше обиди да профункционира.

Инаку, Кенза и Александар се запознале во 2009 година, а во 2017 година парот ја круниса својата љубов со брак.

Имаат три деца, од кои првото, односно синот Никола го добија во 2019 година, па второто во 2021 и третото во 2023 година.

crnogorec-e-vo-brak-so-edna-od-najpoznatite-shvedski-influenserki-foto-02.jpg

Кенза на својот Инстаграм профил, каде има речиси 2 милиони следбеници, отворено говори за проблемите со кои се соочува во текот на животот како проблеми со рана менопауза, забременување, проблематичен татко, а потоа и неговата смрт од рак.

Токму поради оваа искреност, таа е една од најомилените инфлуенсерки во Шведска.

Повеќе фотографии од парот:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет ... Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствен...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg