Го напуштила свршеникот, признава дека става ботокс - Што знаеме за турската актерка Зехра Јилмаз?

Има само 30 години, а вели дека веќе неколку години наназад редовно става ботокс, затоа што на лицето има последици од силното стискање на вилицата. Додека сите очекуваа да се омажи со долгогодишното момче, таа ја раскина свршувачката. Што знаеме за турската актерка Зехра Јилмаз?

stava-botoks-za-da-gi-skrie-brchkite-od-stiskanjeto-na-vilicata-morala-da-uchi-turski-koja-e-zehra-jilmaz-01.jpg

Македонската публика имаше можност да ја запознае преку улогата на Тугче во серијата „Приказната за Севда“, но и како Бетул во „Ранети срца“.

Но, патот до актерска кариера на турската актерка Зехра Јилмаз воопшто не бил лесен, затоа што имала проблеми со јазикот.

Зехра денес важи за една од најталентираните и најубавите турски актерки, иако во „Приказната за Севда“ толкуваше лик на негативка, а самата раскажа во една пригода колку ѝ било тешко да го најде својот пат до славата.

stava-botoks-za-da-gi-skrie-brchkite-od-stiskanjeto-na-vilicata-morala-da-uchi-turski-koja-e-zehra-jilmaz-15.jpg

Таа е родена во Мерсин, Турција, во 1992-ра година, но кога имала 4 години со семејството се преселиле во Баку, Азербејџан, па таму учела во Азербеџанско-Руско училиште.

Зехра вели дека од мали нозе знаела дека сака да биде актерка, па затоа на 17 години се вратила во Истанбул за да се студира глума.

Но, имала голем проблем, затоа што зборувала турски јазик, но со руски акцент.

Како што вели, децата постојано ја прашувале дали некој од нејзините родители е странец и зошто зборува толку чудно.

stava-botoks-za-da-gi-skrie-brchkite-od-stiskanjeto-na-vilicata-morala-da-uchi-turski-koja-e-zehra-jilmaz-04.jpg

Таа успеала да се запише на Универзитетот Мармарис, на одделот за Глума и телевизија, но за да може да глуми, морала да зема и часови по дикција.

Вели дека се случувало да се расплаче заради напорните часови, но на крај се исплатило. Успеала да ја добие првата улога која го означила почетокот на нејзината актерка кариера.

Во однос на изгледот, Зехра вели дека нема ништо против естетските корекции, а дека и самата веќе неколку години наназад става ботокс во брадата, за да ги коригира неправилностите на лицето коишто се јавуваат затоа што премногу ги стиска забите.

stava-botoks-za-da-gi-skrie-brchkite-od-stiskanjeto-na-vilicata-morala-da-uchi-turski-koja-e-zehra-jilmaz-10.jpg

На приватен план Зехра беше во долга врска со пејачот Џем Белеви. Тие беа заедно од 2016-та до 2021-ва година, па дури и ја објавија свршувачката.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Глумеше во серија која доби Еми награда: Каде е денес Дениз од „Кога лисјата паѓаат“? Убавата турска актерка ги освои срцата на нашата публиката со улогите во сериите...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg