Блудничел над малолетник, платил 18.000 евра да не оди во затвор – Црногорски актер среде скандал
- Детали
- петок, 20 септември 2024
По 2021-ва година побегнал од Сараево, тврдејќи дека мора да се врати во родната Црна Гора, заради болниот татко. Сега се дозна дека обљубил малолетник, па бегал од проблемите – како актерот од хит-серијата „Lud, zbunjen, normalan“ се најде среде скандал?
Актерот Моамер Касумовиќ на македонската и регионалната јавност ѝ стана најпознат по улогата на Дамир Фазлиновиќ во хит-серијата „Lud, zbunjen, normalan“.
Тој деновиве се најде среде скандал, откако сите босански и регионални медиуми ја пренесоа веста за тоа како Моамер ја избегнал казната, откако бил обвинет на една година затвор заради обљубување малолетник.
За ова кривично дело се дознало по претставата „Tiho, tiše“, која беше изведена во рамки на шестиот по ред Sarajevo Fest, на 16-ти септември годинава.
По завршувањето на претставата, која зборува за врсничкото насилство, едно момче од публиката излегло и признало дека и тоа било жртва на насилство.
Во својата потресна исповед, момчето потврдило дека било жртва на сексуално злоупотребување кога имало 14 години, а дека бил малтретиран од страна на актерот Моамер Касумовиќ (43).
Според неговата изјава, целиот случај е документиран и за тоа постои судска пресуда.
Како што пишуваат босанските медиуми, повикувајќи се на информации од Јавното обвинителство во Кантонот Сараево, актерот бил осуден на една година затворска казна за обљубување малолетник.
„Врз основа на нашата евиденција, ве информираме дека против наведената личност се водела постапка за кривичното дело блудствени дејствија, која бил правосилно завршена во Општинскиот суд во Сараево.
Тој бил прогласен за виновен и бил осуден на затворска казна во траење од една година“ – пишува весникот Klix.ba.
Инаку, ова се случувало во 2021-ва година, а се претпоставува дека актерот ја откупил затворската казна и затоа никогаш не бил зад решетки.
Според босанските закони, на лицата што се осудени на затворска казна, дозволено им е да платат околу 100 конвертибилни марки за секој еден ден што би требало да го поминат во затвор.
Па така, се претпоставува дека Касумовиќ платил околу 36.500 конвертибилни марки, или околу 18.600 евра за да ја избегне казната.
По инцидентот во 2021-ва година, Касумовиќ се отселил од Сараево, а според објавите на социјалните мрежи се претпоставува дека најверојатно се вратил во родното Бело Поле, во Црна Гора.
Тој во една пригода рече дека одлучил да се врати во Црна Гора, заради болниот татко, а отсекогаш посакувал во родниот крај да придонесува за развој на културата.
Б. С. Б. | Црнобело