Бајковито запросување на Србинка во Монако со рози и танц на звуци од виолина (видео)
- Детали
- петок, 30 август 2024
„Сега и засекогаш! Сродната душа не се бара, сродната душа се препознава. Ти благодарам што на мојот живот му даде бои и си причина да сум среќна секој ден...“, напиша српската пејачка Лена Чолак за својот сакан.
Српската пејачка Лена Чолак беше запросена од страна на својот партнер за време на патување во Монако.
Со поглед на море, танц на звуци од виолина и многу, многу рози, таа доживеа спектакуларно запросување.
Лена објави снимка од запросувањето на својот Инстаграм профил и напиша:
„Сега и засекогаш! Сродната душа не се бара, сродната душа се препознава. Ти благодарам што на мојот живот му даде бои и си причина да сум среќна секој ден.
Ти благодарам на љубовта што ми ја даваш и што со тебе подобро се запознав себеси и видов колку можам да сакам. Ти благодарам за ова бајковито изненадување“, напиша Лена.
С. С. | Црнобело