Инспиративната Србинка без раце ужива во Париз - со сопругот повљубени од кога било
- Детали
- недела, 25 август 2024
Откако се реализираше во улогата на мајка, Дејана Бачко го живее својот сон. Таа периодов ужива во семејните мигови во Париз, но открива и што ја разочарало таму.
Дејана Бачко, инспиративната девојка без раце од Србија, откако ја доби ќерката Лара го живее својот сон покрај саканиот Марко.
Позната е како „Девојка со крилја“, а доказ дека го заслужува овој прекар е нејзината моќ да успее во сè што ќе науми, како што е справувањето со сите мајчински обврски, без разлика колку и да ѝ се тешки понекогаш поради недостигот од раце.
Периодов таа со својот сопруг ужива во Париз и во запознавањето на нивната ќеркичка со француската престолнина.
Сепак, при престојот таму таа имала и мали непријатни изненадувања, како што е неуспехот да влезат со количка во француското метро.
Нејзината исповед за патувањето на Инстаграм гласи:
„Сфативме дека париското метро не е пристапно со количка.
Малку се уморивме, но сè е прекрасно. Првиот ден ненаспиени стигнавме во Париз, се сместивме во хотел и тргнавме во обиколка и прошетка и дури тогаш сфативме дека метрото не е пристапно за бебешка количка, па продолживме носејќи ја Лара во кенгур.
Отидовме на крстарење со брод и уживавме во зајдисонцето покрај вода. Лара се разбуди во 4 часот по полноќ“.
Потоа продолжува:
„Си купивме француски багет, јадевме сладолед и се упативме кон Ајфеловата Кула.
Чекавме повеќе од два часа за да се качиме сосема горе, на последниот кат од кулата, но во мигот кога дојдовме на ред ја стопираа продажбата за врвот, па успеавме да се качиме кат подолу. Секако уживавме во погледот“.