Со багери и камиони се тргаат лежалки и чадори на Халкидики: „Не се ваша сопственост“

Сите што имаат оставено чадори и лежалки на плажите во Касандра, треба вечерва (24.07) да ги отстранат, затоа што ќе им бидат одземени. Општината Полигирос, пак, вчера објави фотки од масовната акција за расчистување на нивните плажи.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-01.jpg

Слично како и лани, така и годинава властите во повеќе општини на Халкидики во Грција отпочнаа или најавија дека ќе отпочнат со расчистување на врзаните чадори и лежалки, чија цел е да го чуваат резервирано местото на плажа.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-02.jpg

Во изминатите денови се спроведе голема акција за расчистување на напуштените лежалки и чадори на плажата Каливи во општината Полигирос.

На официјалната Фејсбук страница на општината Полигирос вчера (23.07) беа објавени повеќе фотографии од моментот на расчистувањето.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-03.jpg

Се гледа дека властите со помош на камионети и багери утрото, околу 6.30 часот, ги отстраниле сите нелегално поставени реквизити на плажа, што ги затекнале таму, а имале за цел да го чуваат местото резервирано во текот на ноќта.

„Веќе еден месец наназад информиравме дека ќе продолжиме да ги расчистуваме плажите на кои има чадори и лежалки, затоа што тие се поставени нелегално.

Не е во ред тоа што некои туристи се однесуваат како плажите да се во нивна сопственост. Можеби во изминатите години ја толериравме оваа нелегална активност, но на ова мора да се стави крај“ – велат тамошните власти.

Επιχείρηση απομάκρυνσης ομπρελών στον Δήμο Πολυγύρου Περισσότερες από εκατό ξαπλώστρες και ομπρέλες απομάκρυναν το πρωί...

Posted by Δήμος Πολυγύρου on Tuesday, July 23, 2024

Во изјава за тамошните медиуми, од општината информираат дека дел од туристите што сфатиле што се случува, побрзале да си ги земат лежалките и чадорите.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-04.jpg

Оние, пак, што не успеале да го направат тоа, ќе може да си ги подигнат од Службата за хигиена во општината Полигирос.

Освен во оваа општина, во текот на вчерашниот ден беше издадено предупредување и на Фејсбук страницата на општината Касандра, од каде известија дека почнувајќи од 25.06 (четврток) и кај нив ќе се отпочне со расчистување на плажите.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-05.jpg

„Општината ќе започне со отстранување чадори, лежалки и каков било вид на прицврстени конструкции, кои се поставени од страна на туристите на плажите, а се со траен карактер.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-06.jpg

Нивното поставување и трајниот престој е нелегален. Сите напуштени реквизити ќе бидат отстранети како загадувачи“ – се вели во соопштението.

Σημαντική ενημέρωση!!! Από την Πέμπτη 25 Ιουλίου ο Δήμος Κασσάνδρας θα ξεκινήσει να απομακρύνει ομπρέλες, ξαπλώστρες και...

Posted by Δήμος Κασσάνδρας on Tuesday, July 23, 2024

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката на Бака Прасе покажа дека е домаќинка: Сама си сплете нови бикини на плажа (видео) „Конечно да направиш нешто паметно на плажа“ – коментираат следбениците на Ања Б...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Први фотки од Касандра во Белград - По 27 години се врати на Балканот, потрошиле 30.000 евра за нејз... Голем број новинари и фанови се собраа синоќа на аеродромот во Белград да ја пре...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
„Син ми го опече анемона на Тасос“ - Како изгледа изгореницата и што треба да направите за да се заш... „Синот си играше во песокот, па го опече анемона што ја донел во кофичката“ – ве...
Српски туристи снимиле необична магла на плажа на Лефкада – Знаете ли за што се работи? „Појавата траеше околу половина час“ – велат српските туристи кои го споделија в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg