Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ летуваа во Грција - Пејачката првпат објави фотки во бикини
- Детали
- среда, 19 јуни 2024
Со фотките во бикини, Јелена Томашевиќ ги изненади фановите, кои се навикнати да ја гледаат во поконзервативно издание, најчесто закопчана „до грло“.
Актерско-музичкиот пар, Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ, неколку дена уживаа на Халкидики.
Заедно со ќерката Нина, тие престојуваа во приватна вила со базен само за нив, во непосредна близина на плажата Посиди на првиот крак во Грција.
Откако пристигнаа таму, актерот и пејачката споделија неколку интересни објави на своите профили на Инстаграм: Иван додека чита книга покрај базенот, двајцата легнати на песокот со ќерката Нина, од пречекот што го имале во вилата и пораката што им ја оставиле сопствениците за добредојде, па до бајковита фотка на Јелена на самиот раб на плажата, додека ветер ѝ го носи жолтиот фустан.
Сепак, ниедна од тие објави не привлече толкаво внимание како фотките на кои Томашевиќ е во маслинесто зелени бикини и плива во базенот.
Ова се први фотографии во бикини на пејачката, со кои ја покажа својата фигура и згодното тело.
Токму затоа ги изненади и фановите, кои се навикнати да ја гледаат во поконзервативно издание, најчесто закопчана „до грло“.
„Како сирена си“, „Прекрасна си Јелена“, ѝ напишаа тие во коментарите на Инстаграм.
Повеќе фотографии и видео од одморот на Иван и Јелена:
Прочитајте и Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги глумам“
А. Ј. | Црнобело