Заради високиот шеќер почна да го губи видот, па ослабе 80 килограми – Се сеќавате ли на Бојана Стаменов?
- Детали
- недела, 21 април 2024
„Во јули 2020 година имав голем здравствен проблем. Шеќерот ми беше 27,7 и забележав дека не гледам“ - пејачката Бојана Стаменов открива како решила да се трансформира во оној момент кога почувствувала дека дотогашниот животен стил ѝ носи само проблеми.
Бојана Стаменов, која уште ја нарекуваат и „српска Адел“ изминатиот период ослабна речиси 90 килограми па каде и да се појави главна тема е нејзиниот изглед. Таа се прослави со учеството во шоуто „Јас имам талент“, а сега освен со талентот за пеење, привлекува внимание и заради наглата промена на физичкиот изглед.
Пејачката на својот Инстаграм профил, денес постојано добива низа комплименти за нејзиниот изглед и за истрајноста.
Во еден момент имала како што сама изјави 185 килограми и тоа поради нередовните и нездрави оброци.
„Во јули 2020 година имав голем здравствен проблем. Шеќерот ми беше 27,7 и забележав дека не гледам.
Дотогаш никогаш немав проблеми со видот, бев здрава дебела жена.
Во 2007 година го извадив жолчното кесе, а потоа ми рекоа дека морам да внимавам што јадам, бидејќи сум потенцијален дијабетичар.
Ако сега го премотам филмот, не јадев редовно, поради настапи и концерти.
Поголемиот дел од денот често го поминував во автомобил, на нозе, на проби, а потоа кога седнав да јадам, тоа беа обилни порции.
Нередовните оброци и видот на храната што ја јадев беа најголемите проблеми, изјави своевремено за медиумите од регионот.
Се откажала од првичната идеја за намалување на желудникот бидејќи со план за исхрана кој го добила по еден преглед за неколку месеци успеала да ослабне дури 30 килограми.
Нејзината трансформација е доказ дека доколку нешто силно се посакува може да се постигне.
Погледнете како изгледа Бојана Стаменов откако успеа да симне се вкупно околу 90 килограми:
В. К. | Црнобело