Родителите му се налутиле затоа што станал актер, смета дека бракот е свет - факти за Јагиз од серијата „Ќерките на Фазилет“
- Детали
- недела, 21 април 2024
Со една своја одлука ги разбеснел своите родители. Иако тој е сон на многу жени, клучот од неговото срце веќе 7 години го има костимографката Кајла Манукјан, која ја запознал на сет. Што знаеме за актерот Чаглар Ертуглур, кој ја толкува улогата на Јагиз, ви турската серија „Ќерките на Фазилет“.
Од своите почетоци како студент на Машински факултет до освојувањето на срцата на гледачите со улогата во серијата „Љубовна замка“, неговиот животен пат е преполн со подеми и падови.
Актерот Чаглар Ертуглур е роден на 5 ноември 1987 година во Турција.
Иако неговите родители го насочиле кон науката, неговата страст за актерството била непобедлива.
Татко му бил геолошки инженер, а мајка му стоматолог и токму затоа го уверувале дека има талент за наука.
Се запишал на Машинскиот факултет, но себе не се гледал во таа професија, па се префрлил на драмскиот одел на Универзитетот.
На почетокот неговите родители биле бесни поради оваа негова одлука, но со текот на времето ја прифатиле.
Дипломирал во 2011 година, а веќе во 2012 добил главна улога во филмот „Планина“ и серијата „Не грижи се за мене“.
Популарноста уште повеќе му се зголемила со улогата на Јаз Егемен во серијата „Ќерките на Фазилет“, а за улогата во серијата „Љубовна замка“, добил престижната награда „Златна пеперутка“ како најдобар актер.
Совршено зборува германски и англиски јазик, а посакува и светска кариера.
Познат е и по своите исклучително сини очи кои го привлекуваат вниманието на женската популација не само во Турција, туку и ширум светот.
За турските медиуми изјавил дека се чувствува непријатно кога добива комплименти за неговиот физички изглед и секогаш нагласува дека за тоа им е благодарен на родителите.
Многумина го нарекуваат турскиот Џејк Џиленхол поради големата сличност со овој холивудски убавец.
Сака тетоважи и има неколку по телото.
Неговиот Инстаграм е преполн со забавни видеа.
Вели дека е одличен готвач, но обожава и да спортува.
Витката фигура ја одржува со редовни тренинзи во теретана, но знае и со пријателите да игра тенис и фудбал.
Иако тој е сон на многу жени, клучот од неговото срце веќе 7 години го има костимографката Кајла Манукјан, која ја запознал на сет.
Според него бракот треба да трае цел живот. Иако ја почитува одлуката на луѓето да се разведуваат, верува дека бракот е света институција која треба да трае засекогаш.