Како изгледаше Александра Пријовиќ на почетокот на кариерата – Призна дека правела естетски корекции
- Детали
- недела, 07 април 2024
„Ништо повеќе нема да коригирам, поправив сѐ што требаше“ – рече во една пригода пејачката Александра Пријовиќ. Да се потсетиме како изгледаше таа на почетокот на својата кариера.
Денес полни концертни сали и арени, а малкумина се сеќаваат како Александра Пријовиќ во периодот кога првпат се појави на сцената.
Таа за првпат се појави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во 2013-та година, каде успеа да го освои 4-ото место.
Истата година сними дует со победникот на шоуто Амар Јашарпахиќ, по што ја започна својата музичка кариера.
Уште поголема популарност стекна кога се дозна дека е во врска со синот на сопругот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ, со кого денес е во брак и заедно го добија синот Александар во 2019-та година.
На социјалните мрежи често се објавуваат фотки од тоа како изгледаше Александра на почетокот на кариерата, а таа самата во една пригода рече дека е поборник за естетски корекции.
Призна дека ги коригирала носот, устата, градите и забите.
„Ништо веќе нема да коригирам. Поправив сѐ што сакам. Јас сум поборник за естетските зафати, затоа што жената треба да си удоволи себеси и да го промени она со коешто не е задоволна.
Но, треба да си ја знае мерката. Не треба да претерате и да не личите на себе“ – призна пејачката.