„Морничаво е што вака му го крие лицето“ – Следбениците на Северина гневни за новите фотки со синот
- Детали
- четврток, 04 април 2024
„До кога таа ќе мора да го крие синот заради некој судија или татко му со преголемо его?“ – прашуваат следбениците на Северина, откако таа ги објави првите заеднички фотки по втората битка за старателство. Очите на Александар секаде се замаглени, но на малку морничав начин.
Хрватската пејачка Северина минуваше низ бурен период во изминатите месеци, кога повторно мораше да се бори за да не го загуби старателството над синот Александар.
По велигденските празници, таа го искористи слободното време да замине на патување во природа со најблиските.
На Инстаграм пејачката објави повеќе фотки и видеа на кои се гледа дека со синот уживале во природата на хрватскиот остров Истра.
Северина и Александар се фотографирани заедно за време на прошетките, но и при посета на една фарма со домашни животни, а на сите фотографии лицето на нејзиниот син е замаглено.
„Природа и друштво (и аспарагус)“ – напиша пејачката до фотографиите на Инстаграм.
Следбениците на хрватската пејачка упатија голем број пофални коментари, но сите се сложни дека нема потреба на мајката да ѝ се забранува да го крие лицето на синот.
„До кога таа ќе мора вака да го ’крие‘ синот заради некој судија или заради таткото со преголемо его?“;
„Колку гордост има во синот додека ја гледа својата мајка. Прекрасни сте“;
„Едвај чекам ова момче да стане полнолетно и да бидат поопуштени тој и неговата мајка“;
„Јас на сликите го гледам само прекривањето на лицето на детето со мајка му што го родила и која се грижи за него… И чувствувам огромен гнев“ – стои во коментарите.
Инаку Северина, во саботата (31.03) одржа спектакуларен концерт во Скопје, па велигденските празници ги прослави задоцнето со семејството во Загреб.