„Јас бев среќен и со 116 килограми“: Трансформацијата на згодниот српски актер Зоран Пајиќ
- Детали
- недела, 10 март 2024
Некогаш се борел со вишокот килограми, а денес е фит и сон на многу жени. Зоран Пајиќ од Србија денес важи за еден од најхаризматичните актери во регионот.
Српскиот актер Зоран Пајиќ е роден на 7 октомври 1981 година во Пожаревац.
Маркантниот актер привлече големо внимание и ги освои срцата на обожавателките благодарение на улогите во сериите „Јелена“, „Вистина и лаги“ и „Бела лаѓа“.
Во основно училиште имал проблеми со вишокот килограми, а се облекувал во два броја поголеми тренерки. Но, истакнува дека не дозволил изгледот да влијае врз неговата самодоверба.
Родителите отсекогаш му биле најголема поддршка и токму затоа се стекнал со голема самодоверба.
„Кога од дома ќе излезеш со тоа чувство, тешко дека некој од надвор може да ти го сруши“, има изјавено актерот за српските медиуми.
фото: принтскрин Јутјуб
Ниту погледот во огледало не успевал да му влијае врз самодовербата.
„Јас бев пресреќен со тие 116 килограми, а сега, кога ги гледам фотографиите од тој период, се прашувам од каде таа радост.
Луѓето не ни смееја да ме исмеваат, бидејќи ако дебелиот почнеше да се брани, никој немаше да може да им помогне“, вели Пајиќ.
Омилени предмети му биле англиски јазик и математика.
Денес, благодарение на редовните тренинзи и внимавањето на исхраната, Зоран има одлична линија и секогаш предизвикува реакции кога ќе објави провокативни фотографии.
Инаку, публиката не знае многу за неговиот емотивен живот, бидејќи актерот се труди да го држи подалеку од очите на јавноста.