Бурниот љубовен живот на најплатената турска актерка (која ја глумеше Аси)
- Детали
- сабота, 09 март 2024
Го изневерувала сопругот, а ја поврзувале со многу мажи. Актерката која ја знаеме по улогата на Аси, и која важи за една од најплатените во Турција, има навистина бурен љубовен живот.
Турската актерка Туба Бујукустун (41) е една од најголемите ТВ-ѕвезди и најплатени актерки во својата земја, а македонската публика ја запозна преку турските серии „Аси“, „Рането срце“ и „Љубов и одмазда“.
Родена е во Истанбул во 1982 година, а иако студирала сценографија и костимографија на Универзитетот „Мимар Синан“, животот ја одвел во светот на глумата.
Со актерство започнала да се занимава на 21 година, во серијата „Султан Маками“, по што понудите за работа почнале да се нижат една по друга, а беше и една од најзабележаните на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро во 2010 година.
Бурните моменти во нејзиниот приватен живот отсекогаш биле интригантни за јавноста.
Во 2011 година, актерката стапила во брак со Онур Сајлак, еден од најуспешните турски актери.
Плод на нивната љубов се близначките Маја и Топрак, но по 6 години брак одлучиле да се разделат.
Иако се чинело дека мирно и разумно ќе се разделат, по извесно време започнала „бура“.
Имено, веднаш по разделбата со сопругот, Туба запловила во врска со седум години помладиот режисер Умут Евирген.
Бидејќи нивната љубов започнала многу брзо по разводот на Туба, се појавиле гласини дека таа го изневерувала Онур со Умут и дека токму затоа имал во план да ѝ се одмазди со тоа што ќе го преземе старателството над децата и ќе ѝ ја уништи кариерата.
Но, и љубовта меѓу Туба Бујукустун и Умут Евирген не траела долго, а подоцна медиумите ја поврзувале и со актерот Екин Мерт Даимаз, кој е девет години помлад од неа, како и со музичката ѕвезда Мурат Боза.
Во последно време се шпекулира дека е во љубов со актерот Енгин Акјурек, кој го знаеме по улогите во „Љубов и пари“, „Амбасадорска ќерка“, „Изгубена чест“...