Поради најдобриот пријател остана на улица, првиот филм го сними пред 50 години: Животот на Зоран Цвијановиќ
- Детали
- сабота, 02 март 2024
Иако важи за еден од најдобрите во својата професија, популарниот Ивко од „Ивкова слава“ или Шојка од „Сиви дом“, немал нималку лесен живот, особено последниве десет години, кога поради најдобриот пријател и деловен партнер банкротира и остана на улица...
Српскиот актер Зоран Цвијановиќ (66), кој стекна слава во 80-те години во Југославија, неодамна ја одигра својата последна претстава. По повеќе од половина век кариера, Цвијановиќ се прости од публиката и замина во пензија.
Иако важи за еден од најдобрите во својата професија, популарниот Ивко од „Ивкова слава“ или Шојка од „Сиви дом“, немал нималку лесен живот, особено последниве десет години, кога поради најдобриот пријател и деловен партнер банкротира и остана на улица...
Што знаеме за актерот Зоран Цвијановиќ?
Роден е на 25 јануари 1958 година во Белград.
Од дете го сакал фудбалот, а навива за „Партизан“, бидејќи татко му бил спортист во овој клуб.
Не служел војска, иако сакал, но поради недоволната телесна развиеност не можел да биде член на армијата.
Завршил гимназија, па запишал стоматолошки факултет, но се откажал.
По ова, запишал факултет за глума, каде што дипломирал 1982 година.
Првата улога по крајот на студиите му била онаа на Шојка, во култната серија „Сиви дом“, каде што глумеше со Жарко Лаушевиќ, Драган Николиќ, Бата Живојиновиќ, Мима Караџиќ...
По ова следуваа улогите во многу култни серии и филмови: „Ми нисмо анђели“, „Полицајац са Петловог брда“, „Отворена врата“, „Лепа села лепо горе“, „Муње“, „Ивкова слава“, „Миле против транзиције“ и многу други.