Во ултра краток комбинезон и со длабоко деколте, најубавата турска актерка го освои Париз
- Детали
- четврток, 29 февруари 2024
По гласините дека морала да се откаже од глумата за да може да стане снаа во едно од најбогатите семејства, турската актерка Ханде Ерчел се појави на Модната недела во Париз, во аутфит кој не остави премногу на имагинацијата.
Ханде Ерчел (30) во моментов важи за една од најубавите турски актерки, а таа се појави на Модната недела во Париз и тоа во ултра краток комбинезон со длабоко деколте.
Ханде која кај нас стана позната по улогата во серијата „Немирно лето“ и по врската со Керем Бурсин, во родната Турција важи за една од најубавите и најзгодните млади актерки.
Во рамки на Модната недела во Париз, таа се појави како гостинка на ревијата на модната куќа Balmain, а по тој повод носеше нивен модел од колекцијата пролет/лето 2024.
Заради ултра краткиот модел со длабоко деколте, сите погледи беа вперени во неа и таа привлекуваше внимание од моментот кога излезе од автомобилот на улиците во Париз.
„Ви благодарам за незаборавната вечер. Навистина беше чест да добијам покана за такво спектакуларно шоу“ – напиша Ханде до фотките на кои позира во моделот.
Инаку, турската актерка во моментов привлекува внимание и заради нејзината врска со бизнисменот Хакан Сабанџи.
Тие двајца се заедно околу една година, а актерката редовно објавува фотографии во кои не ја крие љубовта за нејзиниот сакан.
Хакан потекнува од едно од најбогатите турски семејства, па дел од турските медиуми пишуваат дека таа ќе треба да се откаже од актерската кариера и да се врати на студиите за да ги задоволи високите критериуми на нејзиниот дечко, ако сака да стане дел од семејството.
Дополнително овие гласини беа подгреани откако таа од својот инстаграм профил, ја избриша професијата „актерка“.