Има IQ од 156, се прославил на 16 години – Факти за српскиот актер Лука Грбиќ
- Детали
- недела, 25 февруари 2024
Неговиот коефициент на интелигенција изнесува 156, обожава мотори и сака да пишува. Факти за српскиот актер Лука Грбиќ кој стекна огромна популарност со улогата во „Јужен ветер“.
Актерот Лука Грбиќ стана популарен уште на свои 16 години.
На неговите колеги уште веднаш им стана јасно дека тој е како необработен дијамант.
Лука Грбиќ е роден на 15 декември 2000 година во Белград.
На свои 7 години почнал да глуми во уметничката работилница Кесиќ.
Како учесник на таа работилница, глумел во неколку претстави, а подоцна се занимавал со снимање телевизиски реклами.
Бил водител на „Глумијада“, првиот меѓународен фестивал на драма за деца, одржан во април 2016 година.
За својата прва филмска улога во „Јужен ветер“ ја доби наградата за дебитант на годината на фестивалот „Филмски средби“ во Ниш.
Русокосиот убавец стана омилен на женската публика.