Има IQ од 156, се прославил на 16 години – Факти за српскиот актер Лука Грбиќ
Освен по маестралната глума, Грбиќ е интересен за јавноста бидејќи има коефициент на интелигенција од 156, а ја носи и ласкавата титула за најпаметен актер на нашите простори, а веројатно и пошироко.
Уште во средно училиште, Лука почнал да волонтира во центарот НТЦ (National Talent Center) и таму дознал за Менса, организација која собира луѓе со исклучиво високо ниво на интелигенција.
Лука го направил тестот и дознал дека има коефициент на интелигенција од 156, со што бил квалификуван да стане член на Менса.
Лука избегнува да зборува за својот живот и никогаш во јавност не ја претставил својата девојката.
Со улогата на Ненад Мараш во филмот „Јужен ветер“ стекна голема популарност и токму овој успех го поттикнал да се запише на глума.
По „Јужен ветер“, Лука добил можност да се докаже и во други проекти, како што се: „Бисер Бојане“, „Тајне винове лозе“, „Кошници“, „Што се боре мисле моје“...
Лука е страстен возач на мотори и откако положил за возачка, со мотор извозел 6 илјади километри.
Иако по професија е актер, има талент и за пишување.
За последната сцена од претставата „Идиот“ во режија на Ивица Буљан, тој го напишал текстот.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм