Има југословенско потекло, во Скопје бил казнет за брзо возење – Факти за актерот од серијата „Балканска приказна“
Но, постојат работи што вели дека не му се допаднале во Скопје. Вели дека главниот град на Македонија е убав и прекрасен, но не може да ги задоволи неговите навики, како Истанбул.
„На пример, една од работите со коишто имав најголем проблем беше вечерата. Да кажеме дека си заминуваме од снимање во 11 часот навечер и таму сѐ е затворено.
Во тоа време можете да најдете само печива. Никогаш не јадев, а ми велеа дека се премногу добри. Не сакав да јадам затоа што ми беше страв дека ќе се навикнам на нив“ – вели тој.
Емре во интервју откри дека бил мошне изненаден кога бил казнет за брзо возење во Скопје и тврди дека веќе никогаш нема намера да вози тука.
„Во Македонија, ако ја надминете дозволената брзина на возење мора да одите на суд.Тоа ми се случи и мене.
Јас возев со брзина од 83km/h, а дозволената брзина е 50km/h.
Ме фатија на радар, ме застанаа и ми напишаа казна. Откако платив, ми рекоа дека морам да одам во полициска станица и дека потоа мора да се јавам и на суд“ – раскажува Емре.
Емре важи за еден од најубавите млади актери во Турција, а вели дека најмногу го изненадило тоа што постои фан страна наречена „Трепките на Емре Беј“.
Како што вели воопшто не бил свесен дека на обожавателките им се допаѓаат неговите трепки.
Б. С. Б. | Црнобело