Има југословенско потекло, во Скопје бил казнет за брзо возење – Факти за актерот од серијата „Балканска приказна“

„Возев со брзина од 83km/h, а дозволената брзина е 50km/h. Ме фатија на радар, ме застанаа и ми напишаа казна. Откако платив, ми рекоа дека морам да одам во полициска станица и дека потоа мора да се јавам и на суд“ – актерот од турската серија „Балканска приказна“ своевремено ги сподели своите впечатоци од Скопје, а откри и што не му се допаднало.

ima-jugoslovensko-poteklo-vo-skopje-bil-kaznet-za-brzo-vozenje-fakti-za-akterot-od-serijata-balkanska-prikazna-01.jpg

Турскиот актер Емре Беј во моментов е мошне актуелен кај македонската публика заради улогата во турската серија „Балканска приказна“ која се снимаше во Скопје, а во неколку наврати за турските медиуми тој откри повеќе детали за себе, но и за тоа кои се неговите впечатоци од периодот додека работеше во нашиот главен град.

ima-jugoslovensko-poteklo-vo-skopje-bil-kaznet-za-brzo-vozenje-fakti-za-akterot-od-serijata-balkanska-prikazna-02.jpg

Емре Беј е роден во Истанбул во 1997-ма година, а вели дека заради презимето што на турски значи „господин“ често имал проблеми. Во една пригода рече дека често се случувало луѓето да мислат дека тој им се претставува како „Господин Емре“, а не како Емре Беј.

Сепак, приказната за неговото презиме, тој ја појаснува со југословенското потекло. Како што вели, татко му од Југославија дошол во Турција, во Бурса, каде ја сретнал мајка му и стапиле во брак.

По ова се преселиле во Истанбул, а презимето Беговиќ го замениле со турското Беј.

ima-jugoslovensko-poteklo-vo-skopje-bil-kaznet-za-brzo-vozenje-fakti-za-akterot-od-serijata-balkanska-prikazna-03.jpg

Како дете тренирал фудбал и сакал еден ден да стане познат фудбалер, но тој сон не му се остварил.

Вели дека нагло се здебелил откако престанал да игра фудбал, а потоа успеал да ослабе за време на средното образование.

ima-jugoslovensko-poteklo-vo-skopje-bil-kaznet-za-brzo-vozenje-fakti-za-akterot-od-serijata-balkanska-prikazna-04.jpg

Емре ја започнал актерската кариера уште во 2015-та година додека бил средношколец. Како што вели, сосема случајно една пријателка на сестра му го натерала да се пријави во Агенција за модели и актери, по што тој набрзо ја добил првата улога во ТВ-серија.

По ова, Емре почнал да посетува приватни часови по глума, а додека студирал медиуми и комуникации, снимил уште една серија во Турција. Сепак, заради работните ангажмани, морал да се откаже од образованието.

ima-jugoslovensko-poteklo-vo-skopje-bil-kaznet-za-brzo-vozenje-fakti-za-akterot-od-serijata-balkanska-prikazna-05.jpg

Најголемата слава ќе ја стекне токму со серијата „Балканска приказна“, каде за првпат доби главна улога.

Тој вели дека не му пречело тоа што серијата се снимала во Македонија и дека на тоа гледал како можност за напредување во кариерата.

ima-jugoslovensko-poteklo-vo-skopje-bil-kaznet-za-brzo-vozenje-fakti-za-akterot-od-serijata-balkanska-prikazna-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg