По смртта на саканиот 4 месеци не излегувала од дома – Факти за турската актерка што ја играше Фатмаѓул
- Детали
- петок, 03 мај 2024
Прерано го загубила саканиот, но успеала да се избори со депресијата и да ја продолжи својата кариера. Берен Саат, која кај нас е најпозната по улогата на Фатмаѓул денес е најплатената актерка во Турција и изгледа фантастично.
Ѕвездата на многу турски серии, Берен Саат (40) е една од најпознатите актерки во Турција.
Родена е на 26 февруари 1984 година, во Анкара.
Освен во Турција, популарна е и низ целиот свет, токму поради нејзиниот талент за глума и прекрасниот изглед.
Берен во Македонија се прослави со улогата во сериите: „Изгубена чест“ или „Фатмаѓул“ и „Одмазда“.
Таа во моментов е една од најплатените актерки во Турција.
Честопати учествува во хуманитарни акции и парите кои ги заработува често ги донира.
Во младоста била срамежлива и не се осмелувала да се пријави на аудиција за глума.
По завршувањето на средното училиште, запишала Економски факултет, а колегите од факултет ја убедиле да се пријави во шоу за таленти, каде се барале млади актери.
Стигнала до финале, но не победила.
Тогаш ја забележал познатиот турски режисер Томрис Гиритлиолу и ѝ понудил улога во серија.
Истовремено снимала, пишувала дипломска и се борела со депресија.
Откако завршило талент шоуто, во сообраќајна несреќа починало нејзиното тогашно момче Ефе, кој ѝ бил огромна поддршка и сродна душа. Ја бодрел и ја носел на аудиции.
Најмногу ја погодило тоа што го видела неговото тело во мртовечница.
По трагедијата, Берен 4 месеци не излегувала од дома и често го сонувала Ефе.
За турските медиуми раскажала дека Ефе и во соништата ја бодрел да продолжи напред.
Оттогаш секоја нејзина улога му ја посветува нему, а основала и хуманитарна организација за помош на сиромашните, болните и децата, а организацијата ја крстила Ефе Гурају.
Неговите родители ѝ помагаат во водењето на оваа организација.
Познатата актерка повторно ѝ дала шанса на љубовта и се омажила за музичарот Кенан Доулу.