Ја сака од 12 години, фановите тврдат дека е со него за пари: Која е идната сопруга на Лука Дончиќ?
Лука го запознала кога имала 13 години, а тој 12. Оделе во исто училиште, се спријателиле и набрзо се вљубиле.
Нивната врска почна во 2013-та година и оттогаш се заедно.
Откако Лука се пресели во САД поради кошарката, долго време имаа врска на далечина.
Во 2018-та Анамарија прифати да замине кај него и да ја напушти Словенија.
Таму ја продолжи својата манекенска кариера и почна соработка со неколку реномирани брендови.
Таа е и сертифициран личен тренер и инструкторка за фитнес.
Држи онлајн часови и консултации со клиентите, а често со нив споделува вежби, планови за исхрана и здравствени совети.
Откако се пресели во САД, стана популарна на Инстаграм.
Се проценува дека има заработено 2,5 милиони долари од манекенството, фитнесот и соработките на социјалните мрежи.
Сепак, фановите на кошаркарот не ја сакаат многу.
Ја нарекуваат „спонзоруша“ која го користи за слава и пари, па дека тој треба да си најде жена со негов статус, а не „девојка од маалото“.
И покрај тоа, парот не реагира на коментарите.
Тие во декември 2023 открија дека станале родители, откако успеаја да ја скријат целата бременост на Анамарија од јавноста.
Тие добија ќерка, која ја нарекоа Габриела.
А. Ј. | Црнобело