Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор)

Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обивал станови. Многу од познатите пејачи во Србија имаат отидено зад решетки или барем во притвор.

srpski-pejachi-koi-bile-uapseni-i-zavrshile-vo-zatvor-01.jpg

Иако престојот во затвор можеби им ја зголемил популарноста, српските пејачи кои морале извесно време да поминат во затвор велат дека тоа за нив било навистина непријатно искуство.

Кои од српските музичари завршиле во притвор или одлежале затворска казна?

Јана Тодоровиќ

Минатата година, фолк-дивата Јана Тодоровиќ била приведена на аеродромот во Цирих, бидејќи немала дозвола да пее и ноќта ја минала во притвор и со првиот лет била депортирана во Србија. 

Пејачката требало да од Цирих да замине во Луксембург, но наводно ги немала потребните документи, па настанал проблем.

srpski-pejachi-koi-bile-uapseni-i-zavrshile-vo-zatvor-02.jpg

Ана Николиќ

Пејачката Ана Николиќ пред три години поминала ноќ во полициската станица Раковци, каде влегла во конфликт со полицајците.

Имено, пејачката возела под дејство на алкохол и ѝ биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта, по што заедно со нејзиниот брат биле задржани во станица на трезнење.

Од овој настан Ана направила општ хаос.

srpski-pejachi-koi-bile-uapseni-i-zavrshile-vo-zatvor-04.jpg

Бора Чорба

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ бил седум дена во истражен затвор како средношколец, затоа што со друштвото обивал станови на богати луѓе и крадел пари, а со парите купувал инструменти.

srpski-pejachi-koi-bile-uapseni-i-zavrshile-vo-zatvor-06.jpg

Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ своевремено бил уапсен и тогаш тоа било главна тема во медиумите.

Имено, во текот на 80-тите сакал да започне свој бизнис и токму кога сакал својата идеја да ја спроведе на дело, бил уапсен, и тоа во Македонија, поради сомнение за купување девизи, а потоа бил пуштен да се брани од слобода.

„Бев еден вид менаџер и вложив одредена сума пари во областа на телефонијата, но пошироката јавност дозна дека се занимавав со мал бизнис токму кога бев уапсен во Охрид, затоа што кредитните средства ги претворав во девизи.

Тогаш беше поевтино да се купат девизи во Македонија отколку во Белград и Загреб“, има откриено пејачот.

Иако бил приведен, сепак во станица бил дочекан како ѕвезда, а потоа го пуштиле да преспие во хотел, за наутро да доаѓа на разговор во станица.

По три дена бил пуштен да се брани од слобода.

srpski-pejachi-koi-bile-uapseni-i-zavrshile-vo-zatvor-07.jpg

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Звучи речиси исто како Бора - Моќна изведба на „Pogledaj Dom Svoj Anđele“, со новиот пејач на „Рибља... „Звучи речиси идентично како Бора“ – коментираат оние што имаа можност да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg