Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор)
Слоба Васиќ
Фолк-пејачот Слоба Васиќ кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, доживеал непријатна ситуација со полицијата како неговата колешка Јана, и тоа исто така во Цирих.
Во неговата патна исправа немало место да се удри печат, па поради тоа полицијата го задржала на аеродром.
Тој не се појавил на закажаниот настап, па со првиот утрински лет бил вратен во српската престолнина.
Саша Ковачевиќ
Поп-пејачот Саша Ковачевиќ во 2020 година бил приведен на аеродром во Њујорк.
Имено, кога тргнал на пат во Доминиканска Република, заедно со брат му Раде и остатокот од екипата, со цел да снимат спотови за 4 песни на оваа егзотична дестинација, Саша Ковачевиќ не ни сонувал каков баксуз ќе го снајде.
Дошло до некаква забуна, па го тргнале од редовниот лет и го однеле во посебна просторија и го задржале неколку часа, по што летот до Доминиканската Република му пропаднал.
Кога било увидено дека станува збор за некаква грешка, пејачот бил пуштен и документите му биле вратени.
Теа Таировиќ
Пејачката Теа Таировиќ била уапсена на аеродром во Германија пред повеќе од половина година од страна на финансиската полиција.
Како што шпекулираа српските медиуми, кај неа биле пронајдени пари кои пејачките не ги пријавила.
Стефан Ѓуриќ Раста
Раперот Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи кај него била пронајдена поголема количина дрога.
Раста поминал околу 3 месеци во притвор, а откако го признал делото бил осуден на една година домашен притвор.
С. Ш. | Црнобело