Сопругата на Петар Грашо објави прва фотографија со ќерката, една и пол година по нејзиното раѓање

„Преубаво семејство, убаво е што ве гледаме сите заедно“, „Вие возрасните не сте лоши, ама малата е преслатка“, пишува во коментарите на Инстаграм, откако Хана Хуљиќ ја објави првата фотографија со ќерката Алба.

soprugata-na-petar-grasho-objavi-prva-fotografija-so-kjerkata-edna-i-pol-godina-po-nejzinoto-ragjanje-01.jpg

Хана Хуљиќ, сопругата на Петар Грашо, објави прва фотографија со нивната ќерка Алба, една и пол година по нејзиното раѓање (17 јули 2022).

На фотката, Хана и Петар ја држат за раце малата Алба, свртени се со грб и шетаат по улица.

soprugata-na-petar-grasho-objavi-prva-fotografija-so-kjerkata-edna-i-pol-godina-po-nejzinoto-ragjanje-04.jpg

Хана во опис на фотката стави два емотикона - снегулка и бело срце.

„Преубаво семејство, убаво е што ве гледаме сите заедно“,

„Кај нас во Босна на ова би рекле ‘машала’“,

„Прекрасно семејство“,

„Вие возрасните не сте лоши, ама малата е преслатка“, се дел од коментарите на Инстаграм.

soprugata-na-petar-grasho-objavi-prva-fotografija-so-kjerkata-edna-i-pol-godina-po-nejzinoto-ragjanje-02.jpg

Ова е и една од ретките фотки на Хана со Грашо, со кого стапи во брак во февруари 2022 година.

Парот, уште од моментот кога се дозна за нивната врска, беше критикуван, бидејќи многумина мислеа дека Грашо ја оставил својата долгогодишна девојка Данијела Мартиновиќ за да биде со Хана, која е 14 години помлада од него.

soprugata-na-petar-grasho-objavi-prva-fotografija-so-kjerkata-edna-i-pol-godina-po-nejzinoto-ragjanje-05.jpg

Поради бројните критики, парот скоро и да не споделува ништо за својот приватен живот во јавноста.

soprugata-na-petar-grasho-objavi-prva-fotografija-so-kjerkata-edna-i-pol-godina-po-nejzinoto-ragjanje-03.jpg

Неодамна хрватските медиуми објавија дека Хана е бремена со второ дете, но тоа го демантираше нејзиниот татко, композиторот Тончи Хуљиќ.

„Јас би сакал уште внучиња. Што се однесува до мене, тоа би било супер, но никој околу мене не е во блажена состојба.

Секојпат велам дека би сакал уште внучиња покрај Алба. Засега ги нема, но ќе биде“, рече тој.

Прочитајте и „Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бремена

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Сопругата на Петар Грашо се сликаше во 8-иот месец од бременоста, па ги збуни сите: „Носиш близнаци?... „Дали Хана носи близнаци?“ Ова е прашањето што многумина си го поставија откако ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
По разделбата со Бака Прасе, Ања Бла си обезбеди нов стан и се пофали со луксузот (видео) Ања Бла изгледа дека по разделбата со Бака Прасе, тргна по неговите стапки, па с...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg