Од таксист, до „крал на бакарот“ – Како Милан Поповиќ ги заработил милионите?

Израснал со татко му на мала фарма. Додека работел како такси возач во Швајцарија му се насмевнала среќата. Како Милан Поповиќ ги заработил милионите?

od-taksi-vozach-do-kral-na-bakarot-kako-milan-popovikj-gi-zarabotil-milionite-01.jpg

Милан Поповиќ на македонската и на балканската јавност ѝ е познат како поранешен партнер на Северина со кого таа го доби синот Александар и со кого со години води судска битка за старателство.

Тој важи за мошне приватна личност, која се труди што е можно помалку да зборува за сопствениот живот, но сепак во српските медиуми досега повеќепати биле објавувани информации за него.

Што знаеме за Милан Поповиќ и како од сиромашно момче, успеал да стане еден од најбогатите луѓе во Србија и да го добие прекарот „крал на бакарот“?

Во продолжение, факти за поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ:

Во една пригода Милан откри дека бил роден во Вршац и дека со татко му живеел на мала фарма.

„Немавме многу. Бевме сиромашни, како и повеќето луѓе. Сврзувавме крај со крај“.

od-taksi-vozach-do-kral-na-bakarot-kako-milan-popovikj-gi-zarabotil-milionite-02.jpg

Откако завршил електротехничка школа во Србија, тој заминал на студии по бизнис во Швајцарија. Според изјави на негови блиски, таму работел како такси возач за да може да се издржува.

od-taksi-vozach-do-kral-na-bakarot-kako-milan-popovikj-gi-zarabotil-milionite-03.jpg

Во тој период се спријателил и со еден брокер за метали од компанијата „MRK“.

Додека се дружеле, Милан ја користел секоја можност за да му уфрли некоја своја бизнис идеја, а неговиот пријател брзо сфатил дека тој поседува високи интелектуални капацитети, па му договорил интервју за работа во компанијата каде што работел.

Среќна околност било тоа што во тој период Москва се отворала како пазар, па странските компании вработувале Срби, затоа што многу брзо го совладувале рускиот јазик.

Така, Милан добил вработување во компанијата и почнал директно да соработува со Игор Алтушкин, руски трговец со метали.

od-taksi-vozach-do-kral-na-bakarot-kako-milan-popovikj-gi-zarabotil-milionite-05.jpg

Набрзо Милан сфатил колкав потенцијал поседува, па дал отказ во компанијата каде што работел и основал своја фирма која директно соработувала со огромната компанија на Алтушкин.

„Се зборува дека татко ми е генерал. Тоа не е точно. Тој не беше бизнисмен кој соработуваше со Русија. Јас своите бизнис и имот ги заработив со своите труд и снаодливост.

Никому не сум должен за тоа, но тоа се животни лекции што ми помогнаа. Немав што да изгубам. Одев со целото срце кон целта“ – вели Милан.

od-taksi-vozach-do-kral-na-bakarot-kako-milan-popovikj-gi-zarabotil-milionite-06.jpg

Тој во една пригода откри дека стравот од немаштијата можеби бил клучен за да остане посветен на целта и да не се предава, а самиот тврди дека никогаш не се занимавал со криминал и нечесна работа.

od-taksi-vozach-do-kral-na-bakarot-kako-milan-popovikj-gi-zarabotil-milionite-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Татко ѝ не ѝ давал да носи градници како мала, сега таа прави корекции и се разголува – Што знаеме з... Ужива во луксузот кои нејзините родители ѝ го овозможиле додека нив ги немало до...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg