„Пред да му се налутиш на мажот што не ги кренал валканите чорапи, сети се дека некому сопругот му недостасува“
- Детали
- вторник, 23 јануари 2024
„Знаете како е кога мајка ви по стоти пат ќе ве изнервира затоа што ви зборува да се облечете потопло, иако имате 30 години – Е, па некому таа мајка му недостасува“ – српската инфлуенсерка Настасја Недимовиќ упати моќна порака до сите. Гушнете ги луѓето што ги имате затоа што не знаете кога може да ви недостасуваат.
Србинката Настасја Недимовиќ, која е позната канцер инфлуенсерка, редовно споделува видеа за начинот нејзината исхрана по борбата со тешката болест, а отворено зборува и за тоа како во втората бременост на 27 години ѝ бил дијагностициран рак на коскената срж.
Освен тоа, таа често знае да сподели и видеа кои се поучни и нѐ тераат подобро да размислиме за суштината на животот, но и за односот со најблиските.
Таа сподели емотивно видео во кое сака да ни укаже дека не треба да се нервираме за неважни работи, да научиме да ги сакаме блиските со нивните мани и да бидеме сконцентрирани само на убавините и доблестите.
Нејзината порака ви ја пренесуваме во целост:
„Знаете како е кога ќе му се налутите на сопругот затоа што не си ги собрал чорапите - е, па некому тој сопруг му недостасува;
Знаете како е кога ќе полудите од гнев кон сопругата затоа што нарачала онлајн уште една торба што не ѝ треба - е, па некому таа жена му недостасува;
Знаете како е кога мајка ви по стоти пат ќе ве изнервира затоа што ви зборува да се облечете потопло, иако имате 30 години – е, па некому таа мајка му недостасува;
Знаете како е кога татко ви ќе задоцни на вашата приредба, но сепак се појавува. Е, па нечиј татко никогаш нема да се појави;
Знаете како е кога сестрата ќе ве изнервира затоа што без прашање, по којзнае кој пат ќе ви ја земе кошулата – е, па таа сестра некому му недостасува;
Знаете како е кога ќе му се налутите на братот затоа што ја изел вашата половина од колачот – е, па тој брат некому му недостасува;
Знаете како е кога ќе му се налутите на своето дете затоа што ја извалкало новата тренерка – е, па тоа дете некому му недостасува;
Занемарете ги тие работи и ставете ги во втор, трет план, не се фокусирајте на маните и на ситниците.
Фокусирајте се на убавите работи и на доблестите, а маните прифатете ги и смејте им се.
Животот е еден, животот е краток – сакајте се, бодрете се, ценете се и почитувајте се повеќе и еден ден, верувајте и нам некој ќе ни недостасува!“
Погледнете го видеото на Настасја:
Прочитајте и На Србинка во бременоста ѝ бил дијагностициран рак: „Ме трогна ќерка ми кога ме погали по ќелавата глава“
Б. С. Б. | Црнобело