Јелена Карлеуша за роденденот на Душко Тошиќ побегна во Дубаи – Му „се одмазди“ со провокативни фотки
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2024
Јелена Карлеуша не присуствуваше на роденденот на сопругот Душко Тошиќ, а откако тој објави фотографија со мистериозна русокоса, таа одлучи да му врати со фотки на кои позира во провокативно издание и до неа се гледа машка рака...
Српската пејачка Јелена Карлеуша деновиве е на одмор во Дубаи од каде објави повеќе провокативни фотки. На одмор заминала заедно со двете ќерки Атина и Ника, кои ја пропуштија роденденската забава на нивниот татко Душко Тошиќ.
Душко во петокот (19.01) го прослави својот 39-ти роденден во кафеана, а на прославата не присуствуваа ќерките Атина и Ника, ниту, пак, неговата сопруга Јелена Карлеуша.
Јелена неодамна даде изјава за медиумите и рече дека Душко сѐ уште е љубовта на нејзиниот живот:
„Мислам дека тој мене не ме сака, но јас него го сакам. И понатаму сме во брак, но само формално. Тргнавме секој по свој пат, иако живееме во иста куќа.
Најмногу заради децата сум под истиот кров. Атина и Ника заслужуваат да бидат покрај мајка им и татко им. Душко е татко на моите деца и за него би го дала својот живот“.
Инаку, по повод неговиот роденден, Душко во Инстаграм Стори објави фотографија на која е со мистериозна русокоса, за која подоцна се дозна дека всушност е неговата најдобра другарка Боба Ристиќ.
Но, веднаш потоа и Јелена објави фотки од Дубаи на кои позира во минијатурни бикини, а до неа се гледа раката на еден мистериозен маж.
Според дел од медиумите, Јелена на овој начин сакаше да му се одмазди на Душко за фотките со другарката, но таа сепак го откри идентитетот на мажот и се дозна дека станува збор за нејзиниот фотограф.
„Тоа е само точка на перцепција“ – напиша Јелена до фотката.
Погледнете уште неколку од фотките на Јелена од Дубаи:
Б. С. Б. | Црнобело