Зимски шопинг во Солун: Кога ќе работат продавниците и во недела?

Зимските попусти во некои продавници во Солун почнаа и пред празниците, но вистинската шопинг манија се случува во јануари, кога во некои продавници тие достигнуваат и до 70%.

vodich-za-uspeshen-zimski-shoping-vo-solun-popusti-do-70-koga-rabotat-prodavnicite-vo-nedela-01.jpg

Иако изминативе години во земјава не ни недостигаат познати брендови, многумина од нас се решаваат за зимски шопинг во Солун.

Оние кои често одат „да ги фатат попустите“ во Грција, велат дека многу производи се поевтини отколку кај нас, а кафето покрај море и оригиналното грчко гиро се причина плус да го посетат градот во времето на попустите.

Но, знаете ли каде да одите, до колку часот се отворени продавниците и кога работат во недела?

Попустите во Солун почнуваат во вториот понеделник во јануари и во повеќето продавници може да се најдат парчиња со намалени цени и до крајот на февруари.

На крајот на февруари може да се најдат маички и по 2 евра или чевли за 8-10 евра, но тогаш изборот е многу мал и во однос на достапните модели и во однос на броевите.

Попустите се најмногу до 70%, иако секоја продавница (бренд) решава колкав ќе биде попустот кај нив и дали веднаш ќе симнат на 70%, или неколку пати ќе ги намалуваат во текот на сезоната на попусти.

vodich-za-uspeshen-zimski-shoping-vo-solun-popusti-do-70-koga-rabotat-prodavnicite-vo-nedela-05.jpg

Центарот на Солун и улиците Цимитски и Егнатиа се меѓу омилените на Македонците, но и на локалното население.

На Егнатиа се наоѓаат локални дуќани и нема познати брендови, но цените се многу попристапни отколку оние на Циимитски.

Производите што се нудат тука се со малку понизок квалитет, но се поразлични од она што може да се најде во дуќаните за облека кај нас.

На Цимитски, пак, се наоѓаат продавници кои нудат подобар квалитет на производите и иако скоро сите брендови ги има и кај нас, цените им се пониски на 5 до 10 евра (зависно од брендот и висината на попустот).

vodich-za-uspeshen-zimski-shoping-vo-solun-popusti-do-70-koga-rabotat-prodavnicite-vo-nedela-04.jpg

Иако во Солун има неколку големи молови, омилени на Македонците се One Salonica Outlet Mall и Mediteranean Cosmos. Тие се и најпосетуваните трговски центри во градот.

One Salonica Outlet Mall се наоѓа на влезот на градот и тука најмногу се продаваат луксузни брендови.

Во Mediterranean Cosmos ги има сите брендови како и во центарот на градот, но и брендови кои немаат продавници таму. Предноста е што има достапен паркинг веднаш до самиот мол, но и тоа што во негова близина е IKEA.

За IKEA не важат сезонските попусти, но самиот бренд постојано нуди одредени производи по пониски цени.

vodich-za-uspeshen-zimski-shoping-vo-solun-popusti-do-70-koga-rabotat-prodavnicite-vo-nedela-02.jpg

Моловите во Солун работат од 9:00 до 21:00 часот, со исклучок на сабота, кога работното време е до 22 часот.

Малите продавници и локални брендови, пак, имаат поинакво работно време.

Во понеделник, среда и сабота се отворени од 09:00 до 15:00 часот, а во вторник, четврток и петок работат „двократно“, односно од 09:00 до 15:00 часот, а потоа повторно отвораат во 17:30 и работното време трае до 21:00 часот.

Во времето на зимските попусти, продавниците и моловите ќе работат двапати и во недела и тоа на 14 и 21 јануари. Работното време ќе биде до 18:00 часот.

И, не заборавајте, пред да тргнете на пазарење во овие продавници треба да се подготвите „психички“ за гужвите во продавниците, пред гардеробите, за расфрланите парчиња облека насекаде поради што можеби нема да си најдете број (иако има), но и за долгите редици на каса.

vodich-za-uspeshen-zimski-shoping-vo-solun-popusti-do-70-koga-rabotat-prodavnicite-vo-nedela-03.jpg

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Купишта ѓубре по улиците – Солун по дочекот на Нова година (видео) На Инстаграм видео направено по дочекот на Нова година во Солун, се гледа дека у...
Колку ќе ве чинат патарините до различни дестинации во Грција по поскапувањето? Според новиот ценовник, првата патарина по граничниот премин Евзони е поголема з...
Зошто Ана Михајловски ги тера сите жени да престанат да чистат дома? Ана Михајловски сними видео како ја чисти тоалетната школка, мести кревети, пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg