Никој не знае кој ѝ е татко – „Хурем Султан“ направи тематска забава за роденденот на помалата ќерка Лили Кои (3)
- Детали
- вторник, 09 јануари 2024
И по 3 години, сѐ уште го крие идентитетот на нејзиниот татко – Актерката позната како Хурем Султан направи тематска забава за роденденот на ќерката. Се облече како Маша, само неколку дена откако турските медиуми пишуваа дека била на естетски корекции на лицето во САД.
Турската актерка Мерјем Узерли, која на нашите простори се прослави со улогата на Хурем Султан во хит серијата „Сулејман Величествениот“ го прослави 3-иот роденден на ќерката Лили Кои, а идентитетот на нејзиниот татко умешно го крие од јавноста.
Мерјем направи тематска забава за нејзината помала ќерка, инспирирана од цртаниот филм „Маша и Медо“, а таа гордо позираше во костим како малото девојче од руската анимирана серија што им е омилена на голем број деца во светот.
„Среќен роденден мое срце. Сите ние те сакаме многу“ – напиша актерката до фотките на кои позира заедно со нејзините родители и сестра ѝ.
Мерјем, која има 7-годишна ќерка од врската со актерот Џан Атеш, е доследна на тоа да го крие идентитетот на таткото на нејзината втора ќерка.
Таа досега ниту еднаш не објавила негова фотка, а минатата година нагласи дека се смета себеси за обична личност и дека заради тоа не сака нејзиниот приватен живот постојано да биде дел во медиумите.
„Не се будам секое утро со помислата: ‘Супер јас сум славна личност и мајка на две деца’. Имам нормален живот.
Јас ја земам ќерка ми од училиште и сама си ги завршувам домашните обврски. И јас имам свои проблеми“ – изјави таа.
Инаку, фотките од роденденот се споделени неколку дена откако во турските медиуми беа објавени информации дека актерката била на естетски корекции во Лос Анџелес, САД, каде наводно потрошила над 6.000 евра за да го коригира лицето.