Му била фризерка и лично обезбедување на Гадафи: Лудата приказна на Дијана од Босна и Херцеговина
Обука за обезбедување
На инсистирање на Гадафи, таа се согласила да помине обука за обезбедување и од тој момент го придружувала на сите негови патувања низ светот.
Посетила многу земји, а имала привилегија и да се сретне со многу светски лидери како што се Берлускони, Жак Ширак, Тони Блер и неговата сопруга и многу други моќни луѓе.
Војна во Либија
По избувнувањето на војната во Либија, Дијана сакала да остане таму, но еден повик од српската амбасада променил сè.
Гадафи го собрал целиот персонал и им кажал дека кој сака, може да замине.
Иако Дијана била подготвена да остане, човекот од српската амбасада ѝ рекол дека доколу не тргне веднаш, тоа ќе биде последен воз да се спаси, па одлучила да си замине од Либија.
Благодарение на колега од резиденцијата, таа успеала да ја напушти земјата
„Нашето излегување од Либија траеше четири дена и тоа беше многу трауматично искуство за моето семејство. Но, излеговме живи и здрави.
На влезот во авионот стоеше еден од моите колеги од резиденцијата. Бидејќи беше строго наредено дека земјата можат да ја напуштат само мајка ми, детето и сопругот, тој ја сврте главата за да можам да се качам во авионот во последен момент.
На 27 февруари 2011 година слетавме на аеродромот во Сараево и се вративме во Бијељина без ништо, само живи и здрави“, се присетува Дијана.
Иако постојано добива деловни понуди од странство, за Дијана дома е најубаво.
„Верувам дека сидрото секогаш може повторно да се подигне, а навистина уште имам понуди, но со целото мое срце сакам да бидам тука, со моето семејство и мојот народ. Дома е најубаво".
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук