Му била фризерка и лично обезбедување на Гадафи: Лудата приказна на Дијана од Босна и Херцеговина
- Детали
- недела, 07 јануари 2024
Дијана од Босна и Херцеговина се преселила во Либија каде по сплет на околности станала лична фризерка на Гадафи. Таа поминала и обука за обезбедување, па честопати го придружувала лидерот, пред да се врати во родната земја. Како воопшто допрела до оваа несекојдневна функција?
Дијана Стевановиќ од Бијељина, Босна и Херцеговина, завршила фризерско училиште во својот град.
Кога започнала војната во нашите краишта, таа решила заедно со својата сестра да замине во Либија, каде што нејзината мајка работела како медицински работник.
Таму Дијана започнала да работи како фризерка, дури и не сфаќајќи каква судбина ја чека.
За една година таа станала официјален фризер на семејството Гадафи, како и нивна доверлива личност.
Деталите за нејзиниот живот таму таа ги раскажува во емисија за Info Bijeljina.
Веднаш започнала да посетува либиско училиште, по што го научила и арапскиот јазик. Освен тоа, течно зборува и англиски и руски.
Посета од близок соработник на Гадафи
Дијана веќе имала разработен бизнис во Либија, кога еден ден Сафија Фаркаш Гадафи, блиска соработничка на семејството Гадафи, влегла во нејзиниот салон.
Набрзо потоа се нашла во резиденцијата и почнала да ѝ прави фризура на првата дама на Либија.
Наскоро добила бројни овластувања и привилегии. А, во меѓувреме таа почнала да се грижи и за изгледот на лидерот на Либија.
Секој втор ден одела во резиденцијата на семејството и освен за фризурата на првата дама, се грижела и за косите на ќерките Ајша и Хана, но и за самиот лидер.
Прва средба со лидерот на Либија
Првата средба со Гадафи, Дијана ја памети како да била вчера. Штом го видела, ја обзела голема трема.
Од преголема трема почнала многу да се тресе и уште пред да почне со потстрижување побарала да седне, па Гадафи наредил да ѝ се донесе столче.
„Кога седнав, тој се сврте кон мене и рече дека никој никогаш не го прашал дали може да седне, сите чекале тој прв да ги понуди. Потоа со насмевка ми честита на мојата смелост и храброст", раскажува Дијана.
Југославија - неисцрпен извор на теми
Гадафи многу го почитувал Тито.
Таа била изненадена што и тој знаел многу српски зборови и голем број Балканци биле вработени во неговата резиденција на различни позиции - од готвачи, куќни чувари до обезбедување, дадилки и здравствени работници.