Зумба часови со српски турбофолк: Видеа од тренинг во Лесковац хит на социјалните мрежи
- Детали
- четврток, 28 декември 2023
Зошто оваа инструкторка одлучила на часовите по зумба да пушта српски турбофолк? Погледнете како изгледа зумба час со музика од Теа Таировиќ.
Оние што редовно сакаат да ги следат објавите на социјалните мрежи, сигурно веќе забележале барем дел од видеата што ги објавува една инструкторка по зумба во Лесковац, која наместо светски хитови, на часовите сака да пушта српски турбо фолк.
Голем број возрасни жени го фаќаат зумба ритамот со помош на повеќе српски турбофолк пејачки. Јана Тодоровиќ, Теа Таировиќ, Александра Пријовиќ се само дел од пејачките кои биле застапени во репертоарот, а напред секогаш вежба познатата инструкторка која изгледа одлично.
Зад овие тренинзи стои Лаура Цепеу Чекиќ, која по потекло е од Романија, а живеела во Австрија, каде се запознала со сегашниот сопруг кој е од Лесковац.
Денес Лаура живее во Лесковац, каде дава часови по зумба, а во изјава за српските медиуми открива:
„Со оглед на тоа што и јас ја сакам популарната фолк музика, одлучив да направам зумба кореографија на една песна од Теа Таировиќ. Така започна сѐ.
На тренингот ја пуштив песната, а на жените им беше симпатично затоа што сѐ уште не зборувам српски, а пеам и играм на таа музика“.
Додава дека ваквата музика им помага на жените целосно да се опуштат и да играат од срце, а голем дел од нив, благодарение на напорните тренинзи на Лаура, успеале да ослабат и до 15 килограми.
Погледнете повеќе видеа од тренинзите на Лаура:
https://www.instagram.com/reel/C1YBbYtI8vu/
https://www.instagram.com/p/C02TvBRsGZZ/
https://www.instagram.com/p/C0ckqDQs9SH/
Б. С. Б. | Црнобело