Највљубениот турски пар: Бурак Озџивит не ги одлепува рацете од згодната сопруга на црвен тепих
- Детали
- среда, 20 декември 2023
„Го сакам таков каков што е“ – нагласи Фахрије Евџен за својот сопруг Бурак Озџивит со кого е во брак 6 години. Тие двајцата успеаја целосно да го привлечат вниманието на настан во Истанбул, а Фахрије откри дека и болна дошла за да му даде поддршка на нејзиниот сопруг.
Турските актери Бурак Озџивит и Фахрије Евџен во Турција се појавија на настанот „Маж на годината“, организиран од GQ Turkye, и веднаш го привлекоа вниманието со своите елегантни изданија, но и со тоа што не ја криеја својата љубов пред камерите.
Фахрије на настанот се појави во знак за поддршка на нејзиниот сопруг, а блесна во тесен црн фустан со длабоко деколте. На видеото споделено од настанот се гледа дека актерот не може да ги тргне рацете од својата убава сопруга.
Инаку, Бурак и Фахрије се во брак од 2017-та година, во 2019-та го добија синот Каран, а годинава во јануари го добија вториот син Керем.
Фахрије даде кратка изјава за медиумите во која потенцира дека воопшто не ѝ пречи тоа што нејзиниот сопруг постојано патува и ретко е дома.
„Воопшто не ми пречи тоа што Бурак постојано е во странство. Целото слободно време тој го користи за да биде со мене и со неговите деца“ – нагласи актерката.
Како што пренесуваат турските медиуми, на забавата актерката дошла со зарипнат глас, па објаснила во што е проблемот:
„Бев болна. Децата се разболеа едноподруго. Па, јас не можев да го избегнам вирусот. Се чини дека има некој вирус што се шири“ – појасни Фахрије.
За крај ја прашаа што мисли за модниот стил на нејзиниот сопруг, на што Фахрије одговори:
„Бурак најде прекрасна модна линија за него. Го сакам таков каков што е. Го сакам на секој можен начин“ – рече таа.