Турските актери Бурак Озџивит и Фахрије Евџен го добија второто дете – синот Керем: „Ист е како брат му“ (фото)
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2023
Најпознатиот турски пар – Бурак Озџивит и Фахрије Евџен – го добија второто дете кое го крстиле Керем, а неодамна беа фотографирани како излегуваат од болницата со него.
Бурак Озџивит ѝ стана познат на македонската јавност по улогата во серијата „Сулејман Величествениот“, додека неговата сопруга Фахрије Евџен се прослави со серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Пред околу еден месец, парот сподели дека го очекува второто дете, а сега турските медиуми пренесуваат дека Фахрије се породила на 18-ти јануари.
Бурак и Фахрије беа фотографирани како излегуваат од болница, а со нив беше и новороденото синче кое го крстиле Керем.
„Сè помина одлично. И јас и бебето сме со добро здравје“, сподели актерката за турските медиуми.
Бурак и Фахрије се венчаа во 2017 година, а во 2019-та го добија првото дете – синот Каран.
Фахрије вели дека новороденото синче премногу ја потсетува на Каран, додека Бурак истакнува дека постариот син не е воопшто љубоморен.
„Каран чекаше да го види брат му со многу љубопитност. Ние му кажавме дека сега ќе биде голем брат. Немаше никаква љубомора кај него“.