Кој е единствениот дечко на Марија Шерифовиќ што ѝ е познат на јавноста?
За разлика од минатото кога тврдеа дека се вљубени и среќни, Славко одлучи да биде искрен и призна дека нивната врска била само маркетиншки трик. Тој, исто така, јавно призна дека е хомосексуалец, а беше заедно на геј парада со евровизиската победничка Кончита.
„Тоа е нешто за што сум благодарен што се случи. Јас бев многу близок со Марија, но јасно е дека тоа беше маркетиншки трик. Немам проблем со тоа. Тоа не е нешто што јас го наметнав, туку нејзиниот тим.
Многу ја сакав и дозволив тоа да се случува. Тоа не ми требаше во животот. Но, ако ме прашувате од оваа перспектива, многу сум благодарен за тоа, затоа што потоа сфатив како не сакам да продолжам понатаму“ – изјави Славко.
По ова, Марија ја поврзуваа со Џејла Рамовиќ, но таа никогаш во јавност не признала дека е со некого во врска. Сепак, во 2023-та година ѝ се исполни најголемата желба, па стана мајка на синот Марио.
Погледнете уште неколку фотографии од Славко во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело