Кој е единствениот дечко на Марија Шерифовиќ што ѝ е познат на јавноста?
- Детали
- сабота, 23 декември 2023
„Тоа не е нешто што јас го наметнав, туку нејзиниот тим. Многу ја сакав и дозволив тоа да се случува. Тоа не ми требаше во животот“ – со овие зборови црногорскиот актер и пејач Славко Калезиќ ја опиша 6-месечната врска со Марија Шерифовиќ. Се сеќавате ли на единствениот дечко со кого таа беше во јавна врска пред да признае дека е хомосексуалка?
Марија Шерифовиќ во автобиографскиот филм „Исповест“ во 2013-та година за првпат искрено призна дека била во врска со жени и беше првиот српски естраден уметник кој призна дека е хомосексуалец, а малкумина се сеќаваат дека неколку години претходно таа беше во врска со познат Црногорец.
Во 2007-ма година во голем број српски медиуми се појавија заедничките фотки на Марија со црногорскиот актер и пејач Славко Калезиќ и тие двајца тврдеа во јавноста дека се во врска.
¿Por qué me acabo de enterar de que Marija Serifovic y Slavko Kalezic fueron pareja? ¿Qué mierda de eurofan soy? 🤦🏻♂️ pic.twitter.com/FmvQoHJYDy
— Carlos Pecharromán (@carlos_pecha) December 26, 2019
Славко во една пригода призна дека тие двајца биле мошне блиски по победата на Марија на „Евровизија“ во 2007-ма година.
Според пишувањата, парот беше заедно околу 6 месеци, а нивните заеднички фотографии беа објавувани во голем дел од медиумите.
Како причина за нивното раскинување Марија ја наведе преголемата оддалеченост.
„Морам да се фокусирам на работата и не сакам кого било да оптоварувам. Љубовта на далечина едноставно не опстана“ – изјави пејачката по раскинувањето.
Но, по неколку години, Марија одлучи да биде целосно искрена и во филмот „Исповест“ откри дека претходно била во врски со жени и отворено призна дека е хомосексуалка.
„Во животот сум имала голем број погрешни избори. Се сеќавам на својата прва љубов од Крагуевац. Отсекогаш сум посакувала долги врски и емотивна стабилност.
Неколкупати сум била во врска со жени и морам да ви признаам дека е прекрасно кога не ве гребе ничија брада“ – рече Марија и уште тогаш откри дека еден ден сака да се оствари во улогата како мајка.
Славко потоа учествуваше во шоуто „X Factor“, беше и водител на истата емисија, а објави и повеќе свои песни и албуми.
Во 2017-та година Славко ја претставуваше Црна Гора на „Евровизија“, па голем број луѓе во регионот се присетија на нивната врска.