Прво обраќање на Марија Шерифовиќ откако стана мајка – Зборува со цуцлата во раце, танцува со Марио

„Сѐ е претрупано со љубов и верувајте ми дека тоа можеме да го почувствуваме. Моето скорписко срце прима премногу љубов, така што мене ми треба време сето тоа некаде да го процесирам“ – им порача Марија Шерифовиќ на своите фанови кои не престануваат да праќаат честитки до неа, откако се дозна дека станала мајка.

prvo-obrakjanje-na-marija-sherifovikj-otkako-stana-majka-zboruva-so-cuclata-vo-race-tancuva-so-mario-01.jpg

Српската пејачка Марија Шерифовиќ во моментов се наоѓа во САД, заедно со мајката Верица и синот Марио кого го доби на 2-ри декември со помош на сурогат мајка, а имаше прво обраќање на Инстаграм Стори откако стана мајка.

prvo-obrakjanje-na-marija-sherifovikj-otkako-stana-majka-zboruva-so-cuclata-vo-race-tancuva-so-mario-03.jpg

Со цуцла во рацете, Марија уште еднаш им се заблагодари на сите поддржувачи и фанови кои упатиле голем број честитки до неа, а најави дека иако првично сакала да ја откаже претстојната турнеја, сепак таа ќе настапи на закажаните концерти.

„Со оглед на тоа што ова е мое прво обраќање вака по пат на Стори, сакам на сите вам да ви се заблагодарам на преубавите пораки! Сѐ е претрупано со љубов и верувајте ми дека тоа можеме да го почувствуваме.

Моето скорписко срце прима премногу љубов, така што мене ми треба време сето тоа некаде да го процесирам, а потоа сум сигурна дека ќе се укаже пригода кога ќе можам за сето ова многу подолго и посериозно да зборувам. За почеток сакам на сите да им се заблагодарам за љубовта што ни ја праќате“ – им се обрати Марија на фановите, додека ја држеше цуцлата во рацете.

За првпат имавме можност да ја видиме Марија како го држи синот во раце, а од објавите може да се процени дека пејачката одлично се снаоѓа во улога на мајка.

prvo-obrakjanje-na-marija-sherifovikj-otkako-stana-majka-zboruva-so-cuclata-vo-race-tancuva-so-mario-02.jpg

Прочитајте и Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg