Марија Шерифовиќ на прошетка со синот низ Лос Анџелес: „Сега ми е јасно зошто се вљубив во Калифорнија“

Додека овде на Балканот е ладно и се подготвуваме за почетокот на зимата, Марија Шерифовиќ ужива со синот во сонцето во Калифорнија. „Сега ми е јасно зошто се вљубив во оваа земја“ – рече Марија непосредно по раѓањето на синот.

marija-sherifovikj-go-sheta-sinot-niz-los-andjeles-sega-mi-e-jasno-zoshto-se-vljubiv-vo-kalifornija-01.jpg

Марија Шерифовиќ објави ново Инстаграм Стори како го шета синот Марио низ Лос Анџелес.

Пејачката деновиве е топ тема, откако објави дека добила дете со помош на сурогат мајка, а очигледно таа и мајка ѝ Верица сѐ уште не се вратени во Србија.

Откако објави видео со рачето на синот и порака во која им се заблагодари на пријателите што ѝ ја чувале тајната, Мaрија Шерифовиќ одлучи уште еднаш да ги изненади своите фанови, па објави видео како го шета синот Марио низ Лос Анџелес.

marija-sherifovikj-go-sheta-sinot-niz-los-andjeles-sega-mi-e-jasno-zoshto-se-vljubiv-vo-kalifornija-03.jpg

Пејачката во изјави за српските медиуми откри дека целата постапка за раѓањето на нејзиниот син се одвивала во САД, па честопати патувала на релација Србија-САД, а присуствувала и на сите поважни мигови врзани со раѓањето на малиот Марио.

„Цело време бев присутна. Од одењето во болница, па до самото породување. Моите чести патувања во САД беа мотивирани заради тоа.

Во последниот месец постојано бевме заедно со сурогат мајката и сакав да го поминеме заедно секој чекор, секоја секунда од тој чин“ – вели Марија.

marija-sherifovikj-go-sheta-sinot-niz-los-andjeles-sega-mi-e-jasno-zoshto-se-vljubiv-vo-kalifornija-02.jpg

Таа рече дека ја избрала Америка како земја каде ќе се роди нејзиниот син, бидејќи е најнапредната во смисла на целата процедура околу сурогат мајчинството.

„Сега ми е целосно јасно, зошто се вљубив во Кaлифорнија“ – рече Марија во изјава за српските медиуми.

marija-sherifovikj-go-sheta-sinot-niz-los-andjeles-sega-mi-e-jasno-zoshto-se-vljubiv-vo-kalifornija-04.jpg

Прочитајте и Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg