Србинката која е инспирација за ликот на Кери Бредшо во „Сексот и градот“ - која е Анка Радаковиќ?

Анка Радаковиќ се опишува себеси како прва модерна секс колумнистка - посетувала свингерски и геј клубови, ангажирала машка проститутка и отворено пишувала за своите искуства, соочувајќи се со пофалбите, но и критиките во јавноста.

koja-e-anka-radakovikj-srbinkata-koja-e-inspiracija-za-likot-na-keri-bredsho-vo-seksot-i-gradot-01.jpg

Иако помина скоро една деценија откако се емитуваше последната епизода на хит серијата „Сексот и градот“, таа е и понатаму една од омилените на многумина. Дури и продолжението на серијата, „And Just Like That“, кое има две сезони, постигна успех, иако некои фанови не се воодушевени од тоа како се развива денес приказната за Кери Бредшо, но и од фактот што ја нема Саманта (ако се изземат 60-те секунди во кои се појавува во последната епизода од втората сезона).

Но, дали знаете дека ликот на Кери Бредшо во култната серија е инспириран од животот на Србинката Анка Радаковиќ? Анка живее во САД и е авторка и колумнистка, а се опишува себеси како првата модерна колумнистка за секс.

Анка пишувала секс колумна во списанието „Details“, кое излегувало од 1990 до 1999 година.

https://www.instagram.com/p/7n7v6Ck0RW/

Родена е во 1967 година, како ќерка на корпоративен директор и поранешна оперска пејачка. Пораснала во Хагерстаун, Мериленд, каде што завршила средно училиште, а потоа запишала студии за книжевност и ликовни уметности на Универзитетот Мериленд.

Во 1985 година се преселила во Њујорк, каде набрзо станала позната благодарение на нејзината колумна во списанието „Details“.  

Колумните на Анка поттикнуваа јавна дискусија за сексот и сексуалноста.

koja-e-anka-radakovikj-srbinkata-koja-e-inspiracija-za-likot-na-keri-bredsho-vo-seksot-i-gradot-03.jpg

Инспирирана од нејзините колумни, писателката Кендис Бушнел почнала да ја пишува колумната „Сексот и градот“. Секс колумни почнал да пишува и Ден Севиџ, кој исто така, не криел дека Анка му е инспирација.

Таа имала храброст да го истражува непознатото, па посетувала свингерски и геј клубови, ангажирала машка проститутка и отворено пишувала за своите искуства, соочувајќи се со пофалбите но и критиките во јавноста.

Во текот на 1990-тите, таа често се појавуваше на радио и телевизија, гостуваше во многу ток-шоуа, беше присутна на ABC, CNN, E! и МТV. Нејзини написи се појавија во списанија како CosmoGirl, Harper's Bazaar, Marie Claire и Playboy.

Денес, таа гостува на универзитети низ САД, каде што е гостин-професор, па истовремено и ја едуцира и ја забавува публиката, а пишува искрено за темите кои се поврзани со сексот, љубовта и врските.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
„Бресквице, што ти се случи?“ – Фановите разочарани откако пејачката почна да пее песни од Аца Лукас „Што ти се случило?“ – ја прашуваат фановите Бресквица откако таа одлучи целосно...
Се колнеше дека ја сака неизмерно: Кој беше свршеникот на Северина кој ѝ раскина заради видео снимка... „Ја сакам бесконечно. Нашата љубов е бескрајна. Не постојат работи што можат да ...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg