Драгиша Гудељ имаше срцев застој – Успеа сам да го напушти теренот, благодарение на апаратот што му е вграден
- Детали
- понеделник, 04 декември 2023
Преживеа нов срцев застој по само 9 месеци, но благодарение на вградениот апарат сам стана на нозе и го напушти теренот. Видео од моментот кога братот на Немања Гудељ колабираше на теренот масовно се споделува на социјалните мрежи.
Братот на Немања Гудељ, Драгиша, вчера во рамки на натпреварот на неговиот фудбалски клуб Córdoba против клубот Melilla, повторно преживеа срцев застој, но за среќа успеа сам да го напушти теренот на нозе и да замине во болница каде му биле направени дополнителни тестирања.
Драгиша повторно ги исплаши соиграчите, членовите на семејството и обожавателите, откако во 28-мата минута од првото полувреме падна на теренот.
Во следниот миг тој стана на нозе, но јасно беше дека е дезориентиран и збунет.
Неговите соиграчи веднаш алармираа, по што Драгиша беше пренесен во болница каде му биле направени дополнителни тестирања.
https://twitter.com/mercatosphera/status/1731310224605098236
Според информациите објавени во шпанските медиуми, младиот играч кој на 31-ви март имаше срцев застој, вчера имаше нова епизода на теренот, иако по првиот пад на теренот му бил вграден автоматски дефибрилатор, односно пејсмејкер кој го регистрира неправилното работење на срцето и спречува застој.
Станува збор за уред со големина на рачен часовник, кој ги поправа неправилностите во работењето на срцето.
Вообичаено се смета дека луѓето не чувствуваат кога уредот го регулира работењето на срцето, но електрошокот за повторно заживување најчесто се чувствува како силен удар во градите.
По падот на Драгиша, неговиот брат Немања сподели фотографија на Инстаграм Стори, а даде и сосема кратка изјава за шпанските новинари:
„Разговаравме со него некое време. Добро е“ – рече накратко Немања, а во видеото се гледа дека фудбалерот воопшто не e расположен за разговор.
https://twitter.com/Deporte101tvSev/status/1731415673199301114
Инаку, тимот на Драгиша успеа да извојува победа на крајот и му ја посветија на соиграчот што не можеше да го заврши натпреварот.
„Оваа важна победа ја посветуваме на нашиот брат. Најважно е ти да бидеш добро Драги“ - порачаа тие.
https://twitter.com/CordobaCF_ofi/status/1731301507507650870
Б. С. Б. | Црнобело