Лепа Брена за CRNOBELO: „Идејата за свои хулахопки ја имам од 1977, штета е да не го искористам своето име по примерот на светските ѕвезди“

„Сите светски ѕвезди откако ќе изградат кариера, почнуваат свој бизнис. Штета ќе беше да не го искористам своето име и она што значи Лепа Брена кај нас. И да, точно е дека Ива, ќерката на првата сопруга на Боба, работи со нас, секој е добредојден во нашата компанија, особено ако му припаѓа на семејството“, рече Лепа Брена за CRNOBELO.com.

lepa-brena-za-crnobelo-idejata-za-svoj-brend-hulahopki-ja-imam-od-1977-godina-boba-mi-e-najgolema-poddrshka-01.jpg

Српската ѕвезда Лепа Брена денес (16.11) е во Скопје, но не за да најави концерт или албум, туку да го промовира својот бренд за хулахопки, Lady B.

Овие хулахопки ги рекламираше самата Брена, па можеби токму тоа е тајната на успехот, поради што многу девојки и жени ги носат и ги купуваат постојано.

lepa-brena-za-crnobelo-idejata-za-svoj-brend-hulahopki-ja-imam-od-1977-godina-boba-mi-e-najgolema-poddrshka-08.jpg

Во краток разговор за CRNOBELO.com, ѕвездата ни откри дека иако повеќе од 40 години гради музичка кариера, исто толку долго размислува и за свој бренд хулахопки, кои нема да се кинат кога е на сцената, но кои ќе може освен неа, да ги носи секоја жена и да биде среќна и задоволна со својот избор.

„Мојата желба да направам бренд со хулахопки постои уште од 1977 година“, ни откри таа.

lepa-brena-za-crnobelo-idejata-za-svoj-brend-hulahopki-ja-imam-od-1977-godina-boba-mi-e-najgolema-poddrshka-03.jpg

Дали беше полесно да се изгради музичка кариера или да се промовира нов бренд кој треба да им парира на регионалните, па и светски модни брендови?

Мојата желба беше да направам нешто за убавината на жената и да се занимавам со претприемништво, зашто карактерот ми е таков. Јас навистина ја сакам Лепа Брена и го прифатив тој предизвик што сè треба да направи Лепа Брена.

Мора да признаам дека семејниот живот ми помогна многу во тоа, бидејќи во моето семејство владее голем баланс, па можете да бидете силна личност, популарни, а зад затворени врати да имате мирен и нормален живот.

Јас и Боба не можеме да сме поинакви, па и зад затворени врати ние сме добар брачен пар, во хармоничен брак, кој често размислува за сите бизнис предизвици.

lepa-brena-za-crnobelo-idejata-za-svoj-brend-hulahopki-ja-imam-od-1977-godina-boba-mi-e-najgolema-poddrshka-04.jpg

Мислам дека ќе беше голема штета да не го промовирав својот бренд, бидејќи сите светски ѕвезди го прават тоа. Кога ќе направат бренд од своето име, почнуваат да се занимаваат со нов бизнис – козметика, облека, долна облека.

Oвој светски тренд го прифативме Боба и јас, па конечно успеав да си ја исполнам желбата за производство на хулахопки.

Две години работевме сериозно за да стигнеме до ова што го имаме денес – квалитетни хулахопки кои ниеден прстен или нокот не ги искинале на настап.

Среќна сум што Боба прифати да се занимава со организацијата на оваа работа, бидејќи тој се занима со автомобилската индустрија, со градежништво, направи и свое специјално вино во соработка со компанија од Словенија, а сега ми помага и мене, во оваа некоја женска работа, и ми е најголема поддршка.

lepa-brena-za-crnobelo-idejata-za-svoj-brend-hulahopki-ja-imam-od-1977-godina-boba-mi-e-najgolema-poddrshka-06.jpg

Не е тајна дека сте во добри односи со првата сопруга на Боба, Зорица, но многумина не знаат дека нејзината ќерка од вториот брак, Ива, работи со вас на вашиот бренд. Како изгледа вашата соработка?

Кој е вреден и кој работи, добредојден е кај нас. Особено некој што му припаѓа на нашето семејство.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / Фото: А. О

Би можело да ве интересира:

Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Лепа Брена непрепознатлива без шминка – ужива со сопругот на јахтата вредна 6 милиони евра Лепа Брена и Боба прегрнати позираат на јахта во Хрватска. Ѕирнете како изгледа ...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg