Поранешна хрватска манекенка за мрачната страна на славата: „Во една година абортирав трипати, морав да се проституирам“

На почетокот на 2000-тите години, со сопругот имаа реално шоу во Хрватска, отворено призна дека консумирала дрога и се проституирала, а денес Симона Мијоковиќ е посветена христијанка, сопруга и мајка на 5 деца. Таа отворено зборува за хоророт што го преживеала додека копнеела за слава и јавен живот, пред да му се посвети на Христа.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-01.jpg

Симона Мијоковиќ (38) е поранешна хрватска манекенка која на почетокот на 2000-тите години беше мошне популарна и ги полнеше балканските таблоиди со своето скандалозно однесување.

Денес таа целосно е свртена кон христијанството и Бог, мајка е на пет деца, како и сопруга на Станислав Мијоковиќ кој е голем верник и во младоста сонувал да стане свештеник, а заедно живеат во Линц, Австрија.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-06.jpg

Но, животот на Симона пред да го запознае Станислав беше мошне поинаков. Таа денес ретко дава интервјуа и се труди да го чува сопствениот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но често знае да открие детали за мрачниот живот како манекенка и ријалити ѕвезда во Хрватска.

Во периодот на својата најголема слава, на почетокот на 2000-тите години, Симона беше во брак со хрватскиот бизнисмен Анте Готовац, со кого имаа свое ријалити шоу, насловено „Готовчеви“, а учествуваа и во реалното шоу „Фарма“.

Во 2007-ма година тие двајца заедно ја добија ќерката Габријела, а официјално се разведоа во 2010-та година.

Откако Симона ја објави својата авторска книга „Ангел“, во која зборуваше за периодот во кој беше ријалити ѕвезда и манекенка, нејзиниот поранешен сопруг одлучи да ѝ одговори така што обајви друга книга насловена „Ѓавол“.

Анте тврдеше дека Симона за време на бременоста консумирала алкохол и опојни супстанци и дека редовно учествувала во оргиите во нивниот дом, затоа што тие двајца немале сексуален живот, а таа му се придружувала кога тој имал односи со други девојки.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-03.jpg

Сега, 15-тина години подоцна, Симона не крие дека водела „разуздан“ живот и дека воопшто не се гордее со своето минато.

Таа неодамна даде интервју за хрватските медиуми, каде изјави дека мрачниот период од нејзиниот живот започнал уште пред да го запознае Анте.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-04.jpg

Таа откри дека пред да ја започне врската со Анте, била заедно со еден „прикриен дилер“, кој ја уверил дека сака да основа семејство со неа.

„Во една година имав три абортуса и тоа врз мене остави неизбришлива трага. Господ Бог ме исцели кога го родив синот Михаел“ – рече таа и додаде дека исто така била и во неколку хомосексуални врски.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-05.jpg

Симона и претходно јавно говореше за овој период од нејзиниот живот, откривајќи дека често одела на приватни забави, па почнала да се занимава и со проституција.

„Повеќепати сум сведочела за тоа како изгледаше мојот живот пред Христос. Бев во блуд, дрога, проституцијата ме зафати, боледував од булимија 14 години. Моето тело и дух беа заробени.

Фала му на Бога што влезе во тој пекол, ја побара својата изгубена овчичка и ме однесе во стадото“ – рече таа во една пригода.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-07_copy.jpg

Во 2016-та година Симона се омажи за сопругот Станислав со кого доби уште 4 деца. Интересно е што патот кон црквата ѝ го покажал токму првиот сопруг, кој ја одвел таму со цел да ѝ помогне да се справи со зависностите.

poraneshna-hrvatska-manekenka-za-mrachnata-strana-na-javniot-zhivot-vo-edna-godina-abortirav-tripati-morav-da-se-prostituiram-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg