Србинката Нина Сеничар и холивудскиот актер Џеј Елис направија бајковита роденденска забава за ќерката (фото)
- Детали
- петок, 10 ноември 2023
Познатата српска актерка Нина Сеничар, која во 2022 година се омажи со Џеј Елис, преку Инстаграм откри дека нивната ќерка Нора слави 4-ти роденден и покажа како се подготвуваат за забата, во нивната семејна куќа во Лос Анџелес.
Српската актерка и манекенка Нина Сеничар, која е омажена за холивудскиот актер Џеј Елис, ѝ направи бајковита роденденска забава на ќерката Нора Грејс.
Нора наполни 4 години, а Нина објави неколку фотографии на својот Инстаграм.
„Среќен роденден принцезо“, напиша таа на фотографиите, каде што Нора срамежливо се крие во прегратката на мајка си.
Нина веќе неколку години живее во Лос Анџелес, каде што заедно со сопругот, градат филмски кариери.
Таа повремено се враќа и во Србија за снимање филмови и серии, а Џеј во изминатиов период е најзабележителен по улогата што ја имаше во филмот Top Gun 2.
Тие живеат во елитен кварт во Лос Анџелес, во раскошна вила која ја платиле околу 4,5 милиони евра и ја претвориле во свој приватен рај.
Куќата има базен и голем двор со зеленило и широк трем, кој е совршен за семејни забави.
Нина и Џеј се запознале во 2015-та година во бар во Лос Анџелес.
По пет години забавување актерот ја запросил Србинката додека биле на патување во Бали. Се венчаа во Италија во јули 2022.
А. Ј. | Црнобело