Ја нарекуваат српската Ким Кардашијан, велат дека е најубава меѓу ќерките на српските пејачи: Која е Хелена Топаловиќ?
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Омажена е за богат српски бизнисмен со кого има 5-месечна ќерка. Стана позната благодарение на нејзиниот татко, а често ја споредуваат со Ким Кардашијан – Која е Хелена Топаловиќ?
Хелена Топаловиќ (26) е српска бизнисменка, која на јавноста ѝ стана позната како ќерка на српскиот пејач Милан Топаловиќ Топалко.
Во моментов таа живее во Белград, а често времето го поминува и во Никшиќ, родниот град на нејзината мајка Весна.
Хелена за првпат се појави во медиумите на возраст од само 11 години кога нејзиниот татко излезе од реалното шоу „Фарма“ и оттогаш почна да привлекува внимание кај српската публика, но и кај медиумите.
Важи за еднa од најубавите ќерки на познатите музичари во Србија, а често ја споредуваат и со Ким Кардашијан.
Познато е дека Хелена е свесна за влијанието што го има врз младите, па се труди да се покаже како примерна и културна жена, без да биде вклучена во премногу скандали.
Во минатото често ја обвинувале дека направила голем број естетски корекции, додека таа призна дека направила само корекција на усните, а дека за другите операции смета дека е премногу млада.
Хелена во 2016-та година се појави во спотот на нејзиниот татко „Љубавна терапија“, каде успеа да го украде вниманието. Но, со оглед на тоа што Хелена во спотот се појави во провокативен фустан без долна облека, многумина коментираа дека тоа не е пристојно однесување.
Хелена исто така привлекуваше внимание и со своите љубовни врски со пејачите Јоца Стефановиќ и Слободан Слоба Васиќ, но тие врски не траеја долго.
Во септември 2021-ва година се омажи за Драган Гага Алексиќ, српски бизнисмен, кој во минатото беше во брак со српската ТВ водителка Јелена Димитријевиќ со која има дете.
Хелена и Драган во јули годинава ја добија ќерката Доминика.
Инаку Хелена е најактивна на Инстаграм, каде има над 230.000 следбеници.
Таа кратко по породувањето се врати во топ форма.