Извајано тело, заводлива насмевка: Запознајте го Влахо Арбулиќ, еден од најзгодните мажи во Хрватска (фото)
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Музичарот и модел Влахо Арбулиќ веќе 10 години е во врска со поранешната сопруга на Горан Иванишевиќ, која е 12 години постара од него. За совршено тело вежба 6 дена во неделата и внимава на исхраната. Кој е згодниот Хрват по кој лудуваат жените?
Музичарот и модел Влахо Арбулиќ веќе неколку години важи за еден од најзгодните мажи во Хрватска.
Жените го обожаваат и пробуваат да го заведат, но тој веќе 10 години е во среќна врска со поранешната сопруга на Горан Иванишевиќ, Татјана Драговиќ, од која е помлад 12 години.
Парот има и ќерка, Луце, но и покрај тоа не размислуваат за свадба.
Влахо има совршено извајано тело, прекрасна насмевка и заводлив поглед.
Својот изглед го постигнува со постојано вежбање, но и со внимателно избалансирана исхрана.
Влахо оди во теретана 6 пати неделно и вежба по час до час и пол.
Токму во фитнес центар пред една деценија ја запознал и неговата сакана Татјана.
Веднаш почнале да се гледаат, а по една година ја добиле ќерката.
Но, освен што вежба, за да го одржи телото, Влахо многу внимава на исхраната, па вели дека секој ден му почнува со големи количини сезонско овошје, за ручек јаде многу салата и најчесто консумира рижото со печурки и зеленчук.
Влахо важи и за еден од омилените клупски музичари.
Студирал во Америка, па затоа песните ги пишува на англиски.
Но, жените кои доаѓаат на неговите свирки не кријат дека повеќе одат да го гледаат, отколку да го слушаат.
Погледнете повеќе фотографии од еден од најзгодните Хрвати:
https://www.instagram.com/p/B0Gy-npB8U0/